Буџетот ќе се донесе

17.12.2012

ДС: Буџетот ќе се донесе

Демократскиот сојуз изразува голема загриженост и ги осудува обидите за блокирање на донесување на Буџетот на Република Македонија.

Демократскиот сојуз најостро ги осудува обидите за промоција на насилство во Парламентот, со што во голема мера се нарушува нормалното функционирање на работните тела и Парламентот во целина.

ДС смета дека опозицијата предводена од СДСМ нанесува огромна штета на Република Македонија, без причини создава политички тензии и нестабилност и може да го доведе во прашање извршувањето на основните функции на државните институции.

Преку Буџетот се пресликуваат и програмите на партиите кои ја добиле поддршката од граѓаните.

Демократскиот сојуз смета дека донесувањето на Буџетот на Република Македонија е во интерес на државата во целина и сите граѓани.

Одговорноста за конципирањето на приоритетите во Буџетот е на Владата и парламентарното мнозинство, но не го оспоруваме правото на опозициските партии критички да го анализираат Буџетот и да предлагаат промени на истиот, во рамките на законските и деловнички можности.

Демократскиот сојуз смета дека навременото донесување на Буџетот позитивно ќе влијае на економскиот развој, пред сé преку капиталните инвестиции, потоа со истиот се обезбедува макроекономска стабилност и се гарантираат социјалните трансфери (поддршка) на пензионерите и корисниците на социјалната помош.

Демократскиот сојуз нагласува дека условувањето за деблокирање на носење на Буџетот ( со наводна заштеда од 204 милиони евра ), како и учеството на локални избори со промени во Изборниот Законик по терк на СДСМ е одраз на нивната погрешна политичка стратегија, немоќ и слабата поддршка од граѓаните.

partners partners partners partners partners partners