24 ГОДИНИ ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ

19.012024

24 ГОДИНИ ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ

На денешен ден (19.01.2000 година), пред 24 години се одржа првата седница на Иницијативниот одбор за формирање на политичката партија ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ.

Седницата се одржа во Салонот 19.19., во Скопје, каде во присуство на голем број граѓани, свои обраќања имаа основачите на партијата, Никола Младенов и Павле Трајанов.

На овој иницијативен собир, присуствуваа и Зоран Петров, Ѓорѓи Димитров, Велин Јованов, Бојан Шоптрајанов, Димитар Гелев, Верица Андреевска, Томе Геневски, Братислав Димитров и други личности, кои се определија да формираат нова - автентична политичка партија.

Демократскиот сојуз е партија која за сите актуелни состојби гради сопствен став, предлага решенија и работи на нивно спроведување.

Демократскиот сојуз е препознатлив и респектиран политички субјект, пред сѐ поради јавните политички ставови и автентични идеи, како и храбри инцијативи и предлози за решавање на отворени и сложени политички прашања во државата.

Досега во ДС се вклучиле над 35.000 граѓани.

Павле Трајанов.

partners partners partners partners partners partners