Демократски сојуз




Борче Јакимовски

Борче Јакимовски е роден на 12 јуни 1968 година во Скопје. Македонец. Дипломира на Факултетот за земјоделски науки и храна на отсекот за Економика и Организација на Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје, а во 2010 година се запишува на последипломски студии по МБА-Менаџмент на Економскиот факултет во Скопје при УКИМ. Магистрира со одбрана на тезата "Материјални и нематеријални аспекти на системите на плаќање во јавните комунални претпријатија во градот Скопје".

Во периодот од 1995 до 2005 година работи на повеќе работни позиции во Аутотрејд овластен дилер на OPEL. Од 2005 до 2010 година го продолжува своето работно искуство во Олимпиа Моторс овластен дилер на OPEL и Chevrolet како Менаџер за продажба и Менаџер за Развој.

Во Мај 2010 е избран за Директор на ЈП Градски Паркинг.

Во Демократски сојуз пристапува 2000 година.

Од 2012 година е член на Претседателството на Демократскиот сојуз.

Има учествувано на повеќе тренинзи и обуки поврзани со Менаџирање и лидерство во организација на врвни тренинг центри во Европа(Загреб, Будимпешта, Љубљана, Белград, Берлин), има посетувано летен камп во Загреб за Неуро Лингвистичко Програмирање.

Говори англиски.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners