(ВИДЕО) Трајанов: Кој стои зад вооружената платеничка група која се судри со припадниците на безбедносните сили и кои се нивните цели?

11.05.2015

(ВИДЕО) Трајанов: Кој стои зад вооружената платеничка група која се судри со припадниците на безбедносните сили и кои се нивните цели?

На Балканот не може ништо да се предвиди, таман мислиме дека се е во ред, и повторно се разгорува состојбата, изјави Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи во отвореното студио на Телма. 

 Тој истакна дека очекува смируваење на ситуацијата, но како што рече, безбедносната состојба се уште треба будно да се следи.  

На прашањето, како е можно ваква група, оквалификувана, како најопасната терористичка група на Балканот, да се инфилтрира во земјава, Трајанов рече дека мора да постои цврста соработка со разузнавачките служби од соседството, Агенција за разузнавање и военото разузнавање мора да прибераат информации, и секако МВР, се со цел да се потврди дали во државата постои опасност  од тероризам. 

-Ако сите информации се соберат на едно мести и силен аналитички тим, за сето тоа добро да го обработи, државниот врв може да дава насоки за превентивно дејствување, па да се направи и соодветна подготовка на медиумите, изјави Трајанов.

Поранешниот министер за внатрешни работи оцени дека неопходен е одговор на две клучни прашања: Кој стои зад вооружената платеничка група која се судри со припадниците на безбедносните сили и кои се нивните цели?

Тие луѓе, освен за пари, зошто беа уфрлени тука? -запраша Трајанов. 

Видео од едночасовното гостување на Павле Трајанов во отвореното студио на Телма:

Извор: Телма

partners partners partners partners partners partners