Трајанов за ПлусИнфо: Потребно е да се направи камп за мигрантите

11.06.2015

Трајанов за ПлусИнфо: Потребно е да се направи камп за мигрантите

Потребно е државата да подготви стратегија за прифаќање на бегалците што сега како мигранти транзитираат низ земјава. Треба да се направи камп, во кој овие луѓе организирано ќе се прифаќаат и ќе се решава што понатаму ќе се прави со нив.

Искуството со бегалската криза од Косово, покажува дека треба да се направи некоја интересекторска група штаб, составена од претставници на повеќе министерства која ќе ги организира работите, како и да се направи камп во кој овие луѓе ќе бидат прифатени и сместувани и од каде понатаму ќе бидат организирано проследувани до земјите на Европската Унија ако за тоа има расположение.

Целиот проблем може да добие и безбедносна димензија за земјава, бидејќи странските служби предупредуваат дека голем број од борците во кризните региони од каде доаѓаат мигрантите се движат со нив.

Што се може да се случи ако овие војници се соберат во Слупчане, Лојане, Липково, што ако се организираат и решат да прават проблем тоа е веќе безбедносно прашање не само хумано. Треба да постои и легална рамка за луѓето што сега на некој начин на диво им помагаат да може тоа да го направат легално.

Извор: Плусинфо

partners partners partners partners partners partners