Трајанов за а1on: Власта ја заплашува Јанева, но главниот напад е кон судот

28.12.2015

Трајанов за а1on: Власта ја заплашува Јанева, но главниот напад е кон судот

Медиумската хајка која деновиве се води против специјалното јавно обвинителство, според лидерот на ДС, Павле Трајанов, е насочена и кон судот кој треба да одлучи дали ќе биде ослободен од притвор првообвинетиот во случајот „Пуч“, Зоран Верушевски. Специјалната обвинителка Катица Јанева деновиве е изложена на силен политички и медиумски притисок, кој може да се влошува и да премени во системски. Тој очекува инситутциите да ја опструираат нејзината работа и да не соработуваат при обезбедување на докази во постапките што ќе ги отвори.

-Специјалното јавно обвинителство е доминантен фактор во постапката сега и не верувам дека судот може да го продолжи притворот штом обвинителот предлага други мерки. Независно од сите притисоци, закани и медиумската кампања, сметам дека главниот напад е кон судот. Власта го предупредува судот да води сметка каква одлука ќе донесе по барањето на специјалното јавно обвинителство.

Судот и обвинителствата во Македонија, се под целосна контрола на владејачките партии, институциите не се отпорни на политичко влијание и не функционираат самостојно. Доколку обвинителството на Јанева, промовира законитост, тогаш неминовно ќе се соочи со проблеми, политички влијанија и притисоци.

– Повикување на протести и јавен линч тоа е само во функција на заплашување на Јанева. Ова што се случува деновиве се граничи со класични уцени. Извесно е дека овие притисоци против Јанева ќе продолжат и ќе се опструира нејзината работа. Можна е системска институционална опструкција од државните институци кои треба да соработуваат со специјалното јавно обвинителство, да даваат информации и докази. Се е тоа веќе видено во Република Македонија, притисоците се присутни, но ова се класични уцени, читам дури и определуваат колку години треба затвор да лежи. Не и преостанува ништо друго освен да работи по Уставот и согласно законите, таа мора да работи транспарентно, одлуките да ги поткрепи со докази, тоа е нејзината одбрана.

Главната стратегија на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, е одбрана преку медиумите. Медиумите се вклучени во највалканата кампања и, вели пратеникот, се добро платени за тоа. Со таква кампања имаат огромен прилив на средства – посочува тој – и не очекувам промена во тој дел.

-Нашите институции се под целосна контрола на политичките партии, не функционираат и чекаат насоки како да постапат. Ако обвинителството или судот очекуваат насока од политичка партија, тогаш за какво владеење на правото можеме да зборуваме? Се работи за целосно разорување на целокупниот системот и за тоа сме во ваква политичка криза. Република Македонија е длабоко криминализирана држава, а излезот е преку ефикасна броба против корупцијата и криминалот. Но за сега нема политички амбиент за една таква ефиктивна борба. Неспорно е дека живееме во сложена време. Мој апел до сите обвинители и до судот е да одлучуваат согласно фактите и доказите, да одолеат на политичките влијанија. Независно како се избрани за обвинители и судии треба да го почитуваат Уставот и законите.

Целото (ВИДЕО) погледнете го на овој линк.

Извор: a1. On

partners partners partners partners partners partners