Трајанов: Потребен е воздушен мост за бегалците

18.09.2015

Трајанов: Потребен е воздушен мост за бегалците

На денешната седница на Парламентот, кој расправаше за бегалската криза, Павле Трајанов, претседател на ДС и пратеник, зборувајќи за потребата од поорганизиран прифат и транзит на бегалците од Сирија, Авганистан, Ирак и другите земји, предложи државите од Европа кои имаат можност да прифатат бегалци, да организираат воздушен мост за транспорт на бегалците.

На овој начин ќе се избегне голготата низ која поминуваат бегалците, посебно жените, децата и повозрасните.

Трајанов нагласи дека Македонија има искуство (1999 година бегалската криза од Косово) со справување со бегалци и тие искуства треба да се користат.

partners partners partners partners partners partners