ДС бара заштита на докторите

09.11.2015

ДС бара заштита на докторите

Демократскиот сојуз најостро го осудува денешниот инцидент во Клиничкиот центар во Скопје, каде со огнено оружје беше тешко повреден доктор.

Овој настан како и многу други случаи на насилничко и агресивно однесување спрема докторите и медицинските сестри, е резултат и на долгогодишната хајка која се води против докторите и медицинскиот персонал во целина.

Ниските плати, незаштитеноста на докторите како и другите системски проблеми во здравството, придонесоа голем број на врвни специјалисти да го напуштат јавното здравство и да заминат во странство или во приватниот здравствен сектор.

Демократскиот сојуз бара најенергични мерки против сторителите на вакви насилства и донесување по итна постапка на Закон за заштита на докторите и медицинскиот персонал.

partners partners partners partners partners partners