Демократскиот сојуз повикува на разум

04.03.2016

Демократскиот сојуз повикува на разум

Демократскиот сојуз повикува на разумно однесување од сите граѓани без разлика на политичката и етничката припадност во врска со актуелните тензии во Бутел.

ДС бара лидерите на ВМРО - ДПМНЕ и ДУИ, да излезат на местото каде се поставени шатори и има насобрани лица кои насилно ги срушија темелите каде треба да се постави крст, да повикаат на разум и со тоа да се спречат можни судири со тешки последици по стабилноста, мирот и безбедноста на државата.

Поставувањето на национални и верски симболи, со цел да се печалат предизборни поени е крајно неодговорно и против интересите на граѓаните и државата.

Наместо протести и судири помеѓу партиските "војници", инсистираме, за поставување на двоглавиот орел и крстот да одлучат државните институции.

Го повикуваме МВР да спречи директен контакт помеѓу спротивставените страни и насилно однесување.

partners partners partners partners partners partners