ДСЖ организираше Трибина „Насилството кај младите“



05.04.2013

ДСЖ организираше Трибина „Насилството кај младите“

Демократскиот сојуз на жените организираше научно - стручната трибина „Насилство кај младите”, која ќе се одржи на 05 април 2011 година во хотелот “Best Western”.

На трибината присуствуваа универзитетски професори, научници, педагози, психолози, социолози и други субјекти кои врз основа на своето знаење и искуство водеа општествено легитимна дебата за проблемот на насилството кај младите. Со оваа дебата активно се придонесe кон градењето на свеста и општествената одговорност за безбеден развој на младите во Република Македонија.

Трибината се организираше со цел: актуелизирање на проблемот на насилството меѓу младите, нагласување на општествената потреба од стратегија за превенција на насилството, охрабрување на надлежните државни органи во остварување на организирано и систематско планирање и програмирање на превенцијата на насилство меѓу младите, подигање на свеста кај граѓаните и другите општествени субјекти за овој проблем и подигањето на нивото на безбедносната култура кај младите.

partners partners partners partners partners partners