Учество на ДСМ во младинска изборна дебата во Кавадарци

06.04.2016

Учество на ДСМ во младинска изборна дебата во Кавадарци

Обраќање на Драган Каровски, член на Претседателството на ДСМ

Почитувани млади граѓани на Република Македонија, чест и задоволство ми е да ги претставам заложбите на младите на Демократскиот Сојуз за подобрување на условите за живот и работа на младите во Република Македонија. Нашата држава се наоѓа на крстопат и младите се единствена сила која можа да го одреди патот по кој нашата држава ќе се движи. По поминати скоро три децении, условите за животи и работа на младиот човек се повеќе се намалуваат, па нашата млада работна сила го збогатува пазарот на труд во Германија, Италија или пак Соединетите Американски Држави. Сите ние присутниве во оваа сила имаме барем по еден пријател, другар или пак роднина кој веќе е заминат да ја побара својата среќа во странство, бидејќи Република Македонија не му овозможила истата да ја најде тука. Свесни сме за опустошените градови во Источна Македонија, во која младите поради неможноста да најдат работа „избегале“ во странство. За да биде ситуацијата уште поопасна веќе во Република Македонија имаме не само одлив на работна сила, туку и одлив на „мозоци“. Голем дел од само што дипломираните студенти на медицински, машински или електро факултетите, заминуваат од Република Македонија, поради подобри услови кои странските држави им ги понудуваат.

Со сето ова кажано, јасно е дека на Република Македонија и требаат големи промени. Овој тренд на иселување на младите мора да биде запрен, мора да се понудат подобри услови за младите да останат во својот роден крај, потребни е да се привлечат и младите кои заминале да се вратат во Република Македонија. Демократскиот Сојуз има конкретен план кои ке им овозможи на младите чесен и пристоен живот во границите на Република Македонија. Креирањето на можности за младите е првиот чекор кон спречување на трендот на иселувањето. Една од целите на Демократскиот Сојуз е и зголемување на просечната плата на 18.000 денари, односно 300 евра, со што на младиот македонски работник ке му се овозможат подобри животни услови.

Факт е дека младите во Република Македонија се преоптеретени во поглед на теоретската настава и потоа не се во можност да одговорат на барањата кои пазарот на труд ги бара од нив. Поради тоа Демократскиот Сојуз ќе воведе стручно (практично) усовршување на дипломираните студенти во Република Македонија. Со оваа посебна мерка младите ќе имаат право на стручно усовршување во траење од една година, а трошокот за стажирање ќе биде покриен од страна на државата.

Демократскиот Сојуз исто така ќе основа Стратегија за вработување и подршка на млади, со кој ќе се креира посебен фонд, во кој ке се слеваат 2% од буџетот на РМ. Исто така за да се охрабрат компаниите да вработуваат млади кадри ќе обезбедиме пауза од 12 месеци за плаќање на придонеси за вработување. Придонесите во износ од 3000 денари би паѓале на товар на Буџетот на РМ.

Информатика како наука која зема најголем замав во претходното столетие на минатиот век, претставува столб на секоја развиена и модерна држава. Доколку се земе примерот од САД, односно најголеми бизниси во САД, претставуваат банкарскиот и информатичкиот сектор. Република Бугарија истотака во последната деценија издвојуваше големи средства за информатичниот сектор, со што огромни мултинационални компании како UbiSoft, или пак нивното домашно гејмерско студио Haemimont Games, вработуваа илјадници млади кадри. Со сето ова Република Македонија мора да го јакне нејзиниот информатички сектор. Поради таа цел Демокрстскиот Сојуз, ќе обезбеди финансиски и други поволности за отварање на информатички компании кои ке ја зајакнат економската моќ на Републиката Македонија.

Шанса мора да им се даде и на нашите експерти во странство, кои заминале од Македонија поради различни причини, па со нивно вклучување во домашните компании, посебно во развојот на информатички технологии или пак консалтинг услугите, односно изработка на најразлични проекти, може да се обезбеди нивно враќање и творење во РМ.Едукацијата на модерните менаџери е исто така еден од значајните предуслови за создавање на силна економска држава. Поради тоа Демократскиот сојуз ќе обезбеди програми и обуки за млади менаџери кои ке можат стручно и непристрасно да управуваат со економскиот капацитет на РМ.

Но ова не се единствените идеи кои Демократскиот Сојуз ги има спремено за младите во Република Македонија. Во програмата на Демократскиот Сојуз има доста идеи кои РМ ке ја претворат во силна, стабилна и економски успешна земја, поради тоа можете да ја погледнете програмата на нашиот web site или пак да ги разгледате примероците кои се пред вас. Како и секогаш единствена цел на Демократскиот Сојуз е силна, просперитетна и економски моќна Република Македонија.

partners partners partners partners partners partners