Учество на ДСМ на политички дијалог меѓу младите

20.12.2012

Учество на ДСМ во програмата:  Политички дијалог помеѓу младите во Република Македонија

Претставници на младинската организација на Демократски сојуз на во периодот на месец Октомври и Ноември 2012 учествуваа во обуките за Односи со јавност и комуникација со медиуми и  Менаџирање и планирање на политички кампањи, организирани од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – ОХРИД .

Членовите на младинските организации на 15 политички партии, беа поделени  во  групи од мешан карактер и активно земаа учество во тренинзите и  дискусиите. 

Предавањата на експертите на  Институтот Охрид  и дискусиите опфатија повеќе теми и полиња на интерес,  меѓу кои односот на малцинствата и поединецот, малцинствата како политичка  категорија, стратешко планирање во политиката, начини на креирање на  стратегии, а воедно се иницираа и различни теми  на дискусии и дебати како на  пример, Европските аспирации на Македонија, Европската унија и  институциите, Спорот на Р.  Македонија со соседот, Рамковниот договор,  историјата на Р. Македонија и нејзиниот развој итн.

Програмата “Политички дијалог помеѓу младите во Република Македонија“, заврши со семинар во Струмица на кој беше спроведена симулација на изборен процес. 

partners partners partners partners partners partners