Свечена седница по повод 15 години Демократски сојуз

22.03.2015

Свечена седница по повод 15 години Демократски сојуз

Обраќање на Миодраг Димов, претседател на ДСМ

Драги гости, почитувани претставници на политички партии, претставници на медиумите, делегати и пријатели...На сите присутни, ви благодарам што сте овде заедно да го прославиме постоењето и значењето на Демократскиот сојуз... Еве денес, веќе една и пол деценија на политичката сцена.

Името на нашата политичка партија ја отсликува и нашата определба... Демократска! Термин кој има особено и единствено значење, укажува на пристап во економскиот и политичкиот живот... На него се засновани принципите на Европа и светот. Ние, во Демократскиот сојуз се заложуваме да дадеме свој придонес во рамките на нашата организација и надвор од неа, со транспрентно изнесени ставови по актуелните прашања за состојбите во Република Македонија секаде каде што партиципираме со свои претставници, а застапени сме бидејќи во Демократскиот Сојуз располагаме со интелектуална сила и капацитет кој е потребен и неопходен двигател во општествените процеси.

Говорејќи пред се од аспект на млад човек, не можам да го заобиколам фактот дека се соочуваме со реален проблем кој не засега сите нас. Проблем кој се однесува на иселувањето на млади луѓе, интелектуалци, луѓе квалификувани во својата професија... Кадар кој го заокружил своето образование и заминува од својата држава... Некаде каде ќе го дава сиот свој придонес, од секој аспект. Подмладокот на Демократскиот сојуз е загрижен за ваквата актуелна состојба и сметаме дека истата е потенцијално сериозна закана за Република Македонија во перспектива.

Затоа, Ние младите на Демократскиот сојуз порачуваме: Сите отворени прашања во Република Македонија да се решаваат со дијалог и висок степен на разум и чувство за потребите на македонскиот народ односно граѓанин, од каде сите релевантни чинители ја црпат моќта преку поддршка. За македонскиот интелектуалец, условно речено – да ги затвориме границите и практично да отвориме простор за работа и соработка за да истиот го даде својот придонес во Репулика Македонија и нејзиниот просперитет. Да се заложиме нашиот УМ да остане овде и да ни биде ветар во грб по патот кон Европската Унија... А од друга страна, да ги зајакне столбовите на нашата држава.

Ние, ќе продолжиме по патот по кој чекоревме до денес... И понатаму со објективни согледувања на состојбите и позитивен придонес во истите. Наш приоритет е граѓанинот! Наша заложба е достоинствен живот! Ние порачуваме разумен дијалог и конструктивни решенија!

Нека ни е честита 15 годишнината и уште долго да славиме!

partners partners partners partners partners partners