Младинската организација на ДС ќе се освежи за 100 нови членови



31.10.2015

Младинската организација на ДС ќе се освежи за 100 нови членови

На 01.11.2015 година (недела), Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, на над 100 нови членови, од редот на младите, ќе им ги врачи членските книшки.

ДС е отворен за млади, креативни и способни кадри. Оваа наша определба резултира со вклучување на голем број млади луѓе во ДС, што е силна гаранција дека е време за промени во Република Македонија. Младите секаде се предвесници и двигатели на реформите и промените. Тоа се случува и во Македонија.

Пред доделувањето на членските книшки претседателот Павле Трајанов, ќе даде изјава за актуелните политички состојби во Македонија.

Доделувањето ќе започне во 13:00 часот, во седиштето на ДС на ул. Стале Попов бр. 9 локал 4, Скопје.

partners partners partners partners partners partners