ДСМ се обврза на фер и демократски претседателски и парламентарни избори

12.03.2014

ДСМ се обврза на фер и демократски избори

ДСМ заедно со подмладоците на уште 16 политички партии од земјата,  се потпиша за фер и демократски избори. ДСМ очекува достоинствена кампања, фер и демократски избори без заплашување, уцени, навреди и клевети на политичките неистомисленици, како и без притисоци врз граѓаните на денот на изборите.

Претседателот на ДСМ, Даниел Ефтимов, во своето излагање нагласи:

„Младината на Демократски сојуз ја изразува својата целосна подготвеност и посветеност да придонесе за достоинствено, фер и демократско однесување на младите за време на престојаната кампања.

Политичките подмладоци се многу важен сегмент во Република Македонија и се од исклучителна важност бидејќи во себе инкорпорираат огромен процент на млади луѓе и со своето однесување за време на изборите и изборните кампањи, директно влијаат врз однесување на една цела група во државата.“

Активноста за потпишување на Декларацијата за фер и демократски избори ја организираше Институтот за економски стратегии и меѓународни односи од Охрид.

partners partners partners partners partners partners