ДСМ на мултипартиски фудбалски турнир

25.11.2013

ДСМ на мултипартиски фудбалски турнир

ДСМ со свои претставници учествуваше на мултипартискиот фудбалски турнир "Фер плеј: Заедно за заеднички успех", организиран од страна на „Институтот Охрид“ кој се одржа на 22 и 23 ноември 2013 година.

Еден од претставниците на ДСМ играше во тимот кој се натпреваруваше за 1 место.

Мотив за организирање на овој настан е идејата за спортот и неговото основно начело за фер игра и почит помеѓу играчите. Фудбалски турнир во кој политичките подмладоци играат во мешани тимови е одличен повод и прилика да се покаже зрелоста и подготвеноста на политичките подмладоци да соработуваат меѓу себе и да го развиваат политичкиот дијалог со цел Република Македонија да напредува и да дојде до успех.

На турнирот присуствуваа претставници на Амбасади како и легендата на македонскиот фудбал, Дарко Панчев.

partners partners partners partners partners partners