СКОПЈЕ, 28.01.2011 ГОДИНА

СКОПЈЕ, 28.01.2011 ГОДИНА

СООПШТЕНИЕ

Демократскиот сојуз ја осудува постапката на СДСМ за напуштање на Собранието на Република Македонија, оценувајќи дека на овој начин СДСМ врши политички притисок врз судскиот ситем во целина и го загрозува владеењето на правото и правниот систем.

Демократскиот сојуз смета дека највисокиот законодавен дом треба да се залага за тоа законите да важат подеднакво за сите, инсистирајќи да бидат респектирани сите права на граѓаните и правните лица, но исто така e за доследно извршување на обврските кон државата, вклучително и плаќање на данокот.

Во врска со случувањата околу фирмите на Перо Наков бб-Скопје, Демократскиот сојуз инсистира постапката да се води од страна на сите институции и органи транспарентно, при што доследно да се почитува принципот на презумпција на невиност.

Демократскиот сојуз цврсто стои зад цивилизациските и демократски вредности и е за целосна слобода на печатот и слободата на изразување, но, е и против тоа медиумите да се користат и злоупотребуваат за политичко влијание, ширење на бизнисот и покривање на криминалот.

Демократскиот сојуз ги подржува напорите на демократски определените граѓани и институции да направат сe, со цел А1, Време, Шпиц и Коха е ре да продолжат да работат и објективно да информираат за случувањата во Република Македонија.

partners partners partners partners partners partners