СКОПЈЕ, 17.05.2011

СКОПЈЕ, 17.05.2011

НАСОКИ ЗА ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА ИЗБОРНАТА КАМПАЊА

Согласно веќе дадените насоки, а во функција на интензивирање на изборната кампања, неопходни се следните активности:

  1. Претседателите на општинските огранизации да подготват распоред на заеднички активности со „Коалицијата за Подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, при што во сите планирани активности од ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат и активисти на ДС.

  2. Претседателите на општинските организации на ДС да формираат работни групи од 2 до 3 активисти на ДС, кои ќе ги посетат сите членови на ДС и ќе ги мотивираат да излезат и да гласаат. При посетата да се дели Изборната Програма, како и пропаганден материјал со обележја на ДС.

  3. Да се потикнат членовите на ДС да посетат најмалку 10 семејства, со цел да ги мотивираат да излезат и да гласаат за кандидатите на „Коалицијата за Подобра Македонија“, кои се на 5-то место на гласачкото ливче и тоа:

    • ИЕ 1 (5) Никола Груевски
    • ИЕ 2 (5) Гордана Јанкуловска
    • ИЕ 3 (5) Влатко Ѓорчев
    • ИЕ 4 (5) Зоран Ставревски
    • ИЕ 5 (5) Антонио Милошевски
    • ИЕ 6 (5) Никола Тодоров
  4. Изборните штабови на ДС да бидат обележани со симболи на ДС, како и со пропаганден материјал од носителот на листата за соодветната изборна единица.

  5. За сите планирани активности во писмена форма да биде информиран Централниот Изборен Штаб на ДС, при што во сите активности ќе се вклучат и координаторите по општински организации на ДС.

Да се обезбеди целосна комуникација и соработка со Централниот Изборен Штаб на ДС и Претседателството на ДС.

Срдечни поздрави,

претседател

Павле Трајанов

partners partners partners partners partners partners