СКОПЈЕ, 17.05.2011 ГОДИНА



СКОПЈЕ, 17.05.2011 ГОДИНА

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

Демократскиот сојуз, во рамките на Коалицијата „За подобра Македонија“, останува на своите основни принципи за отвореност, одговорност, чесност и посветеност во спроведувањето на реформите и проектите за побрз економски и демократски развој на Република Македонија. Демократскиот сојуз е за промоција на идеи и програми кои ќе значат интеграција на Македонија во НАТО и во ЕУ без да се загрози идентитетот на македонскиот народ, за владеење на правото и бескомпромисна борба против организираниот криминал, за домашни, но и за привлекување странски инвестиции кои ќе значат НОВИ РАБОТНИ МЕСТА, економски развој и за реализирање на проекти во сите области за ПОДОБРА ИДНИНА на сите граѓани во Република Македонија.

Демократскиот сојуз е за отворена и фер кампања, која ќе значи промоција на сопствени решенија и визии за клучните проблеми и прашања, кои се содржани во Манифестот за реформи и развој на Коалицијата „За подобра Македонија“.

Инаку, на самиот почеток на кампањата може да забележиме неколку нејзини особености, пред се’ во сферата на партиската аргументација и промоција. Она што паѓа в очи од првичниот митинг на СДСМ одржан во неделата пред Владата на Република Македонија, е дека оваа партија објективно нема што да им понуди на граѓаните и дека игра на картата на максимално оцрнување на противникот. Притоа, посебно е карактеристично обраќањето на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, кој во негов познат манир, излезе со купишта манипулации и невистини, извртувајќи ги фактите во обид да создаде искривена слика за македонската реалност.

На пример, претседателот на СДСМ изјави дека „пропаѓањето на македонската економија мора да запре“, иако сите се свесни дека растот на економијата во периодот без криза, 2006 – 2008 година, е најголем во овие 20 години, додека за време на кризата, 2009-2010 година, Македонија не влезе во минуси и дубиози кои ја преплавија Европа.

„За ставот на Црвенковски дека Владата „ за пет години не изградила ниедна фабрика “, нема што посебно да се коментира, освен дека ноторен факт е дека владите не градат фабрики, туку создаваат услови за тоа. Го потсетуваме лидерот на СДСМ дека стотина фабрики и производни капацитети се неповратно уништени, токму во периодот на неговото владеење, преку фамозниот приватизациски модел, кој го институционализираше неговата партија. Заради вистината, ќе наведеме само мал дел од нив: Железара, Славија, Центро, Тетекс, МЗТ, Алумина, Сувенир, Порцеланка, Југохром, ФАС 11 Октомври, Југомак, Стакларница, Кожарата „ Гоце Делчев “ и др.

Црната кампања промовирана од Црвенковски и од СДСМ, се огледа и во цела серија други невистини и извртување на фактите, како на пример, за рекордната невработеност, за поскапувањето на храната, а особено за причините поради кои Македонија се’ уште не е членка на НАТО и ЕУ.

На вчерашната прес конференција, Секретарот на СДСМ Андреј Петров рече дека СДСМ во оваа кампања нема да троши пари на билборди и плакати.

Господа од СДСМ, можеби ќе им ги поштедите очите на граѓаните од билборди, ама кога со кафето на граѓаните ќе им се појавите на врата, дефинитивно уште еднаш ќе им го покачите притисокот.

Скопје, 17.05.2011 година

Демократски сојуз

partners partners partners partners partners partners