СКОПЈЕ, 17.03.2011 ГОДИНА



СКОПЈЕ, 17.03.2011 ГОДИНА

РАЗВОЈ НА ЗЕЛЕНА ЕКОНОМИЈА ЗА НОВИ ВРАБОТУВАЊА И ПОДОБРА ИДНИНА

Бранот на светската економска криза, успеа силно да ја заплисне и нашата држава. Тоа не беше цунами за македонското стопанство, но е доволен аларм за размисла и барање на нови стратешки ориентации кои треба да одговорат на прашањето како до економски равој и нови вработувања. Демократскиот сојуз тоа веќе го прави во својата изборна програма во која главен акцент става на развојот на јако и одржливо стопанство, базирано на силни економски, еколошки и социолошки елементи.

Ставот на ДС е дека нашиот економски просперитет пред се треба да се темели на зголемената енергетска ефикаснот и ефикасно користење на природните ресурси.

За да се постигне ова, пред се неопходна е надоградба на политиките кои Македонија ги води во насока на економскиот развој и животната средина. Имено, покрај веке поставените цели за хармонизација на нашето законодавство со законодавството на ЕУ, потребата од имплементација на вака хармонизираните закони во услови на глобална економска криза, наметнува императив од креирање на визионерски политики и стратегии кои ке овозможат економски просперитет без штетни последици за животната средина. Токму во таа насока се движи иницијативата на ДС.

Само со вградување на Статегијата за зелен развој и Одржливото управување со материјалите (како тренд во развиените земји – посебно во земјите на ОЕЦД), во креирањето на економската политика на РМ ќе успееме да обезбедиме привлекување на странскиот и мобилизација на домашниот капитал за развој на нови “зелени“ индустрии и технологии.

Само со почитување и имплементирање на тие стратегии можеме да создадеме услови за креирање на нови работни места и успешна транзиција на веке постоечките индустриски капацитети во полето на намалување на влијанијата врз животната средина и зголемување на енергетската ефикасност.

Тоа значи вовдување на нови технологии, развој на нови призводи и промена во навиките на сите - од обичниот човек до компаниите и државните органи.

За да се постигне ова, ДС ги предлага следниве чекори:

  • Подготовка на Национална стратегија за зелен развој на РМ, со која ќе успееме да ја промениме досегашната пракса базирана на принципот “прво развој, па после заштита на животна средина“, со нова која ке овозможи економски развој и заштита на животната средина во исто време.

  • Воведување на задолжителни образовни програми во основното, средното и високото образование. Нашите идни раководители, менаџери, родители, сограѓани мора да живееат со изградена свест за заштита на животната средина. Мора да научат за економиката во заштитата на животна средина, да го познаваат правото во животна средина, политиките во животна средина и пред се, постојано да се раководат со етиката во животна средина.

    Демократскиот сојуз предлага ова да се направи преку воведување на задолжителни кредити за познавање на темите од областа животна средина во средното и високото образование, слично како во развиените западноевропски земји.

  • Промоција на одржливото управување со материјалите во разни сфери базирано на анализи на животниот циклус на призводите односно како материјалите се движат низ животната средина и економијата, како и континуирана едукација на кадрите кои ке работат на оваа тема.

    Ова може да се направи со воведување на анализа на животниот циклус на неколку најзначајни производи за македонија како што се металите, нафтените деривати, минералите итн.

  • Изградба на капацитетите на јавната администрација во насока на спроведување на овие политики преку формирање на високо професионални тела и агенции.

    Ние во Демократски сојуз сметаме дека Агенција за животна средина и Фонд за животна средина се важни институции кои сега недостасуваат, а во кои ке бидат вработени квалитетни кадри од разни области и кои ке бидат гарант за успешна имплементација на политиките од оваа област.

  • Што уште: Ни недостасуваат и економски инструменти кои ке направат мост помеѓу заштитата на животната средина и економскиот развој и ке ги стимулираат компаниите во своите програми да воведат еко иновации, да бидат во тек со напредните технологии и да ги почитуваат принципите на оджливо управување со материјали, енегетска ефикасност и заштита на животната средина. Но исто така, да постигнеме ефект со кој се дестимулираат компаниите кои загадуваат и нерационално ги користат природните добра и енергијата.

    Како да го постигнеме тоа? Со воведување на повискои еколошки такси на рачун на намалување на даноците на работната сила, воведување на давачки за емисии на јаглерод, целосна примена на принципот “загадувачот плаќа“, ригорозни надоместоци за штети во животна средина итн. Ова може и треба да бидат многу ефикасни мерки во оваа насока.

  • Превземање на широка и активна јавна кампања за промоцоција на ваквите политики. Јавноста мора да биде стимулирана и активно вклучена во нивното креирање со развивање на дијалог за економските мерки и механизми и со размена на знаења преку тој дијалог. Јавната свест мора да биде подигната на ниво со изградена потреба од развој на зелена економија и одрживо управување со материјалите со што би се креирале нови работни места и подобра иднина за РМ.

Демократскиот Сојуз и во изминативе 11 години беше промотор на бројни прогресивни идеи и проекти. ( Да ве подсетам на ДЕКРИ, Фазно решавање на името или проектот за задолжително сексуално образование....).

Сметаме дека и оваа иницијатива ке продонесе за економскиот раст и развој на Р. Македонија и ке овозможи тој да се одвива на начин кој ке обезбеди избегнување на деградација на животната средина, губиток на биодиверзитетот и неодржливо користење на природните ресурси и ке овозможи намалување на емисите на гасови кои влијаат врз климатските промени.

Да се овозможи синергија помегу економските политики и политиките во животната средина. Да се намалат ризиците во животната средина кои можат да доведат до застој во економскиот развој. Да се обезбеди конкурентност и да се стекне сигурност во тоа дека инвестирањето во заштита на животната средина може да допринесе за економски раст и отварање на нови работни места.

partners partners partners partners partners partners