СКОПЈЕ, 09.03.2011 ГОДИНА



СКОПЈЕ, 09.03.2011 ГОДИНА

СООПШТЕНИЕ

Демократскиот сојуз се оградува и ги осудува ставовите на самопрогласените интелектуалци и „чувари“ на македонските интереси, а посебно од ставовите на г. Ристо Никовски, поранешен македонски амбасадор и член на Советот за меѓународни односи на претседателот на државата, изнесени пред два дена во колумна во весникот „Нова Македонија“ во која авторот изразува зачуденост зошто евроамбасадорот Ерван Фуере не бил протеран од Македонија, додека за американскиот амбасадор Филип Рикер пишува дека се однесува како на родео, односно како македонски неизбран гувернер.

Без оглед што Кабинетот на претседателот на Република Македонија се огради од ставовите на г. Никовски, со образложение дека Советот за меѓународни односи е неформално тело на Претседателот, каде што домашни и странски експерти изнесуваат свои сопствени ставови и мислења по разни теми, Демократскиот сојуз смета дека претседателот Иванов треба да се ослободи од ваквите советници.

Демократскиот сојуз потенцира дека врвни стратешки приоритети на Република Македонија се евроатлантските интеграции, за што постои консензус на сите политички субјекти, но и континуитет на сите претходни влади, поради што ваквиот неодговорен и навредлив однос кон претставниците на ЕУ и САД, од страна на поранешен висок македонски дипломат, кој истовремено е и советник на претседателот на државата, е недозволив.

Демократскиот сојуз никому не му го оспорува правото за јавно изнесување мислења околу одредени политички прашања, но при тоа секогаш мора да се води сметка за виталните и стратешки интереси на Република Македонија.

Демократскиот сојуз потсетува дека Република Македонија се наоѓа во деликатна фаза пред Меѓународниот суд во Хаг во врска со тужбата против Република Грција и во завршна фаза на подготовка за вонредни парламентарни избори, така што ваквите ставови и’ нанесуваат сериозна штета на Македонија на меѓународен план, но и непотребно создаваат тензии во внатрешната предизборна атмосфера.

Сектор за односи со јавност

partners partners partners partners partners partners