СКОПЈЕ, 02 МАЈ 2011 ГОДИНА

СКОПЈЕ, 02 МАЈ 2011 ГОДИНА

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ЌЕ НАСТАПИ КАКО ДЕЛ ОД КОАЛИЦИЈАТА „ЗА ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА“ ПРЕДВОДЕНА ОД ВМРО-ДПМНЕ. ВРЗ ОСНОВА НА ТЕМЕЛНИ АНАЛИЗИ ЗА ДОСЕГАШНАТА РАБОТА НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ПАРЛАМЕНТОТ И ДРУГИТЕ ИНСТИТУЦИИ, ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ ОЦЕНУВА ДЕКА ВО ИЗМИНАТИТЕ ПЕТ ГОДИНИ, СЕ РЕАЛИЗИРАНИ БРОЈНИ РЕФОРМИ И ПРОЕКТИ, ПРИ ШТО СЕ ПОСТИГНАТИ ЗНАЧАЈНИ РЕЗУЛТАТИ ВО СИТЕ ОБЛАСТИ.

ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ СМЕТА ДЕКА СО ОБЕДИНУВАЊЕТО НА ПОВЕЌЕ ОД 20 ПАРТИИ, СО УЧЕСТВО НА СКОРО СИТЕ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ, СЕ ГАРАНТИРА СИЛЕН ЕКОНОМСКИ И ДЕМОКРАТСКИ РАЗВОЈ, ЕДИНСТВО И ЈАКНЕЊЕ НА УНИТАРНИОТ КАРАКТЕР НА ДРЖАВАТА.

Република Македонија во наредниот период ќе се соочи со сериозни предизвици кои може да ги решава Влада со јасна стратегија и посветеност и водење сметка за нашите национални и државни интереси.

Во рамките на заедничката Програма на Коалицијата „За подобра Македонија“, Демократскиот сојуз приоритет дава на создавањето услови за отворање НОВИ РАБОТНИ МЕСТА за ПОДОБРА ИДНИНА, како битен предуслов за позабрзан економски развој на државата и благосостојба на граѓаните.

Демократскиот сојуз се залага за владеење на правото и правната држава, борба против криминалот, реформи во јавната администрација, користење на обновливите извори на енергија, образование и работа за сите, мир и стабилност на државата.

Добивањето покана за членство во НАТО и започнување на пристапните преговори со ЕУ, остануваат врвен национален приоритет без било какво колебање и алтернативи.

Демократскиот сојуз е подготвен да учествува во носењето на стратешките одлуки за Македонија и да преземе дел од одговорноста, но и да ги афирмира вистинските вредности: одговорност, работа и чесност.

Демократскиот сојуз, сите свои капацитети ќе ги насочи кон одржување на фер и демократски избори, ќе води позитивна кампања и ќе се спротивстави на сите оние кои ќе се обидат да го нарушат изборниот процес.

Демократскиот сојуз очекува поддршка од страна на граѓаните, победа и парламентарно мнозинство кое нема да биде условувано и опструирано во својата проевропска законодавна активност.

Демократски сојуз

partners partners partners partners partners partners