ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ ДОПОЛНИТЕЛЕН УСЛОВ ЗА ВРШЕЊЕ НА ЈАВНА ФУНКЦИЈА

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ ДОПОЛНИТЕЛЕН УСЛОВ ЗА ВРШЕЊЕ НА ЈАВНА ФУНКЦИЈА

ПРЕДЛАГАЧ: ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ

ВОВЕД: I. ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИТЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ

Со Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција („Службен весник на Република Македонија број 14/2008,64/2009 и 24/11), се определува дополнителен услов за лице кандидат за носител или носител на јавна функција, изборна или во државна и јавна служба или во јавна дејност или друго јавно овластување (во натамошниот текст: кандидат за носител или носител на јавна функција) и за други работи од јавен интерес и дејности на правни лица; се уредува основањето и надлежноста на Комисијата за верификација на факти (во натамошниот текст: Комисијата) и се уредува постапката за верификација на факти пред Комисијата и судот за утврдување несоработка со органите на државната безбедност и правните последици од таквата соработка.

Во Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција („Службен весник на Република Македонија број 14/2008 )беше предвидено процесот на лустрација да заврши во рок од пет години од денот на влегување во сила на овој законот.

Со изменувањето и дополнувањето на Законот во 2009 година („Службен весник на Република Македонија број 64/2009), овој рок се зголеми на 10 години. Ваквото продолжување на примената на овој закон е спротивно на определбите на Советот на Европа, целиот процес го разводнува и релативизаира и Македонија ја претвара во перманентна своевидна судница и простор за меѓусебни обвинувања, без конкретни позитивни ефекти во развитокот и јакнењето на демократските капацитети на државата. Со Резолуцијата 1096 (1996) на Советот на Европа за „Мерки за отстранување на наследството од поранешните комунистички тоталитарни системи “,лустрацијата не треба да трае подолго од пет години.

Процесот на лустрација се одвива и истиот е пропратен со бројни контраверзии, недоречености и често пати неоснована дискриминација на лица . Исто така, тој се користи и за замолчување на голем број условно кажано на потенцијални лица за лустрација, со директна закана спрема нив и сл.

Наместо овој процес да се одвива во рамките на законските норми,тој честопати излегува надвор од дефинираните цели и создава клима за нанесување на неправда спрема одделни лица носители на јавни функции, новинари итн.

Сметам дека е во интерес на развој на демократијата, владеење на правото, јакнење на демократските капацитети на државата, овој процес да заврши во период од пет години, на тој начин многу побрзо ќе расчистиме со минатото и ќе се обезбеди прочистување на сите оние што нанеле неправда на поединци од идеолошко политички причини.

Сигурно дека со овој процес жртвите на претходниот еднопартиски систем нема да бидат рехабилитирани, затоа е неопходно да се донесе закон за нивна рехабилитација.

Овој процес на лустрација треба да заврши со помирување, со цел да се надминат спротивставеностите, меѓусебната нетрпеливост и омразата

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА

Предлог на законот за изменување на Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, се заснова на истите начела на кои се заснова Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција.

III. ОЦЕНА НА ФИНАНСИСКИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ОД ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОНОТ ВРЗ БУЏЕТОТ И ДРУГИТЕ ЈАВНИ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА

Предлогот на законот за изменување на Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција нема да предизвика финансиски импликации врз Буџетот на Република Македонија.

IV. ПРОЦЕНА НА ФИНАНСИСКИТЕ СРЕДСТВА ПОТРЕБНИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ И НАЧИНОТ НА НИВНОТО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ, КАКО И ПОДАТОЦИ ЗА ТОА ДАЛИ СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ПОВЛЕКУВА МАТЕРИЈАЛНИ ОБВРСКИ ЗА ОДДЕЛНИ СУБЈЕКТИ

За спроведување на Предлогот на закон за изменување на Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција не е потребно обезбедување на финансиски средства и не повлекува материјални обврски.

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН

за изменување на Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција Член 1

Во Законот за изменување и дополнување на Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција (“Службен весник на Р.Македонија број 64/2009 ), во членот 4 зборовите: „ десет години“, се заменуваат со зборовите: „пет години“.

Член 2

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ ДОПОЛНИТЕЛЕН УСЛОВ ЗА ВРШЕЊЕ НА ЈАВНА ФУНКЦИЈА

I. ОБЈАСНУВАЊЕ НА СОДРЖИНАТА НА ОДРЕДБИТЕ НА ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ

Со Законот за определвање дополнителен услов за вршење јавна функција („Службен весник на Република Македонија број 14/2008 ),беше предвидено процесот на лустрација да заврши во рок од пет години од денот на влегување во сила на овој законот.

Со изменувањето и дополнувањето на Законот во 2009 година („Службен весник на Република Македонија број 64/2009), овој рок се зголеми на 10 години. Ваквото продолжување на примената на овој закон е спротивно на определбите на Советот на Европа, целиот процес го разводнува и релативизаира и Македонија ја претвара во перманентна своевидна судница и простор за меѓусебни обвинувања, без конкретни позитивни ефекти во развитокот и јакнењето на демократските капацитети на државата. Со Резолуцијата 1096 (1996) на Советот на Европа за „Мерки за отстранување на наследството од поранешните комунистички тоталитарни системи “,лустрацијата не треба да трае подолго од пет години.

Процесот на лустрација се одвива и истиот е пропратен со бројни контраверзии, недоречености и често пати неоснована дискриминација на лица . Исто така, тој се користи и за замолчување на голем број условно кажано на потенцијални лица за лустрација, со директна закана спрема нив и сл.

Наместо овој процес да се одвива во рамките на законските норми,тој честопати излегува надвор од дефинираните цели и создава клима за нанесување на неправда спрема одделни лица носители на јавни функции, новинари итн.

Сметам дека е во интерес на развој на демократијата, владеење на правото, јакнење на демократските капацитети на државата, овој процес да заврши во период од пет години, на тој начин многу побрзо ќе расчистиме со минатото и ќе се обезбеди прочистување на сите оние што нанеле неправда на поединци од идеолошко политички причини.

Сигурно дека со овој процес жртвите на претходниот еднопартиски систем нема да бидат рехабилитирани, затоа е неопходно да се донесе закон за нивна рехабилитација.

Овој процес на лустрација треба да заврши со помирување, со цел да се надминат спротивставеностите, меѓусебната нетрпеливост и омразата.

II.МЕЃУСЕБНА ПОВРЗАНОСТ НА РЕШЕНИЈАТА СОДРЖАНИ ВО ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ОДРЕДБИ

Решенијата содржани во предложените одредби се меѓусебно поврзани и претставуваат една правна целина.

III. ПОСЛЕДИЦИ ШТО ЌЕ ПРОИЗЛЕЗАТ ОД ПРЕДЛОЖЕНИТЕ РЕШЕНИЈА

Со предложените решенија ќе се допрецизираат и доуредат одредбите од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција.

partners partners partners partners partners partners