Започна постапката за Законот за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка

27.04.2021

Започна постапката за Законот за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка

Денес (27.04.2021), Комисијата за политички систем и односи помеѓу заедниците, расправаше за Предлог - Законот за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка, поднесен од Павле Трајанов, при што го проследи во натамошна постапка.

Образложувајќи ја потребата од носење на законот, пратеникот Павле Трајанов, нагласи: Со овој закон се отвараат можности за фер судење, при што за монтираните судските предмети ќе се отвори главен претрес каде ќе се преиспитуваат користените факти и докази, но ќе има можност да се презентираат и нови докази.

Постапката ќе се повтори доколку  е повредено начелото на презумпција на невиност, злоупотрени се системите за прислушување, користен е заштитен (лажен) сведок, злоупотребен е системот за рспределба на судските предмети (АКМИС) или не е обезбедено еднаквост на "оружјето" (презентирање на докази).

Ова е исклучителна можност за корекција на неправдата, но и да се разобличи, улогата на политичките моќници, како и на полицијата, обвинителството и судот.

Не се бара амнестија, помилување или абулиција, туку правна можност за преиспитување на судските одлуки, но во случаи каде се исполнети некои од овие услови односно судската одлука е заснована на несодветна примена на законите, без релевантни факти докази, без можност да се соберат докази итн.

Комисијата заклучи да се организира и јавна расправа каде експертите ќе можат да ги презентират своите стручни ставови.

Инаку овој предлог закон е во Собраниска постапка доставен на 12 ноември 2020 година, при што во меѓувреме веќе е расправано со експерти, како и со претставници на Владата на РСМ и невладиниот сектор.

Предлагачот е подготвен да прифати амандмани за номотехничко подобрување на текстот, како и за друг вид на подобрување на законските решенија.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners