Трајанов: Сплотени и единствени, е гаранција дека Македонија ќе оди напред

05.04.2014

Трајанов: Сплотени и единствени, е гаранција дека Македонија ќе оди напред

На вечерашниот митинг на Коалицијата „За подобра Македонија“ во Скопје, претседателот на ДС, Павле Трајанов, во своето обраќање нагласи:

“Сплотени и единствени, е гаранција дека Македонија ќе оди напред”.

Во продолжение рече: 

„Македонија се гради. Се градат автопати, железници, училишта, спортски сали, се градат театри, се градат фабрики. Се отвораат нови работни места. Македонија станува информатичка сила. За младите, се создаваат шанси да останат овде и да ја градат Македонија, како европска и модерна држава. Македонија стана држава на одговорни лидери. Држава отворена кон соседите, регионот, Европа и светот. Македонија станува праведно општество, засновано на принципите на слобода и еднакви можности. Во Македонија постои и политички и граѓански консензус, за полноправно членство во НАТО и ЕУ. Тоа е наш врвен државен, стратешки и национален интерес. Македонија, ние македонците, и сите други, гордо и достоинствено, со крената глава, чекориме кон овие асоцијации. Но, сакам да им порачам на сите, што доаѓаат овде и не притискаат за промена на нашето уставно име: Името не го менуваме!

Демократскиот Сојуз, со ВМРО-ДПМНЕ и со другите коалициони партнери, споделуваме исти принципи, а тоа се: владеење на правото и правна сигурност, како гаранција за инвестирање и развој, еднакви можности и шанси за сите, неселективна борба против криминалот и слободни медиуми, како гаранција за вистината. А вистината е дека во Македонија се спроведоа многу реформи, има резултати и дела. Сите ние, 24 партии, заедно со народот, е гаранција за иднината на нашата држава. Алтернативата е враќање назад. Ќе ни требаат 10 години да се вратиме на ова, денешно ниво.“ На крајот Трајанов истакна дека со изборот на Ѓорѓе Иванов за претседател и 65 пратеници во парламентот, никој нема да може да не уценува и условува.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners