ДС: Фер и демократски избори

27.04.2014

ДС: Фер и демократски избори

Демократскиот сојуз оценува дека денешните претседателски и вонредни парламентарни избори беа фер, демократски и се одржаа во скандинавски стил.

Во текот на изборниот процес не се регистрирани кршења на изборната регулатива, граѓаните можеа достоинствено, слободно и тајно да се изјаснат за кандидатите за пратеници и кандидатите за претседател.

Во предизборната кампања, сите политички партии имаа можност пред граѓаните да ги претстават програмите и кандидатите за претседател и пратеници.

Демократскиот сојуз ги мобилизира целокупните свои капацитети и како дел од „Коалицијата за Подобра Македонија“ ги афирмираше основните политички принципи и изборната програма.

Демократскиот сојуз смета дека какви и да се резултатите, тоа е определба и волја на граѓаните и од сите учесници на овие избори, резултатите мора да бидат признаени.

Денес беше голем ден за демократијата, денес победи Македонија.

Граѓаните ја имаат најголемата заслуга за демократскиот амбиент и мирните и фер избори.

Пред тие што денес добија поддршка од граѓаните, одговорноста е огромна, бидејќи граѓаните очекуваат стабилност и услови за подобар живот.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners