ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: НОН ПЕЈПЕРОТ, СЕПАК, ПОСТОИ

28.04.2021

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: НОН ПЕЈПЕРОТ, СЕПАК, ПОСТОИ

Демократскиот сојуз со загриженост го следи развојот на настаните, изјавите и дебатите околу наводниот нон-пејпер за поделба на Западен Балкан и создавање чисти етнички држави. Последната анализа на угледниот британски медиум "Фајненшл тајмс" недвосмислено упатува на пресметаноста на одредени кругови да го искористат евроинтегративниот вакуум на Западен Балкан за дестабилизација на Регионот.

Иако сите релевантни фактори се оградуваат од документот, Демократскиот сојуз смета дека тој постои како стратегија за наметнување нови кризи и вооружени конфликти, прекунаводното создавање "големи држави".

Демократскиот сојуз не отстапува од позицијата дека идеите за прекројување на границите на Балканот претставуваат опасна игра со потенцијал за тектонски пореметувања и дестабилизација, како и нови граѓански војни во целиот Регион.

Во Македонија постои партиски и граѓански консензус на патот кон ЕУ, исто како што и Унијата мора да заземе многу поконструктивен став и конретни активности за проширување со држави од Западен Балкан.

Во спротивно, ќе се зголемува бројот на нон-пејпери (веќе кружи нов за поделба на Косово) за прекројување на границите на Балканот, како и деструктивните активности за внатрешна дестабилизација на државите од Регионот.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners