Демократски сојуз: Македонија не може да ги разреши проблемите на ЕУ

15.10.2019

Демократски сојуз: Македонија не може да ги разреши проблемите на ЕУ


Демократскиот сојуз е убеден дека Македонија ќе ги започне преговорите за интеграција во Европската Унија.

Во Македонија постои и граѓански и политички консензус за прифаќање на европските вредности и стандарди и побрзо полноправно членство во Европската Унија.

Препораката на Парламент и Комисија на ЕУ, за започнување на пристапните преговори за влез во ЕУ, се гаранција дека Советот на ЕУ ќе  донесе одлука за набрзо започнување на преговорите и целокупниот процес ќе се одвива со забрзано темпо.

Македонија ги исполнува сите критериуми за отворања на поглавјата клучни за реформи и нивна имплементација, посебно поглавјата сврзани со владеење на правото и борба против корупција.

Во сите препораки од ЕУ се инсистираше да се надмине спорот со Грција, што беше и направено, со големи компромиси и  отстапки и промена на Уставното име на државата Република Македонија.

Затоа не треба да има дилеми за почнување на преговорите, ниту пак со блокада на евроинтеграциските процеси на Македонија, ќе се разрешат проблемите во рамките на ЕУ, ниту пак ќе се порази екстремната десница во земјите членки на ЕУ.

Македонија зазема стратешка позиција на Балканот и нејзината интеграција во ЕУ ќе биде стабилизирачки фактор на Балканот и пошироко.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners