14 ГОДИНИ ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ

19.03.2014

14 ГОДИНИ ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ

На иницијатива на Павле Трајанов, Никола Младенов, Димитар Гелев, Зоран Петров, Георги Димитров, Братислав Димитров, Верица Андреевска, Томислав Геневски, Теофил Блажевски, Велин Јованов и Владимир Шоптрајанов, на денешен ден, пред точно 14 години во преполнетата сала на новиот објект на Македонскиот народен театар (денешна “Македонската опера и балет“) во Скопје, се одржа Основачкото собрание на Демократскиот сојуз, со што на македонската политичка сцена се појави нов субјект

Тогаш се поставени основните принципи на дејствувањето на партијата, искажани во зборовите на лидерот на ДС, Павле Трајанов: 

“Демократскиот сојуз ќе биде непробојна брана за авантуризмот на партиските војници кои си замислуваат дека се генерали на армијата на насилието, па од Македонија сакаат да направат држава без систем на вредности и критериуми кои ги познава и признава цивилизираниот свет. Суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија се света работа. Оној кој мисли да прави компромиси, отстапки, да тера личен профит за сметка на туѓи интереси и влијанија, тој, и кај нас, како и во сите држави кои држат до својот углед, ќе биде означен како национален предавник. Тоа е предавство кое во нас, во Демократскиот сојуз, ќе има жесток, нескршлив непријател“, изјави Павле Трајанов на Основачкото Собрание на Демократскиот сојуз. 

Денес, Демократскиот сојуз е самостојна политичка партија со автентични политички ставови и како дел од власта е подготвена да преземе дел од одговорноста за вкупните состојби. Демократскиот сојуз не бега ниту од обврските, ниту пак, се колеба со свои идеи, предлози, проекти, да влијае во носењето на клучните одлуки битни за иднината на Република Македонија. 

Демократскиот сојуз е демократска политичка партија и отворена за нови идеи и кадри. 

Вклучувањето во ДС на над 28 илјади членови, ја потврдува посебноста, препознатливоста и истрајноста на основните политички определби: „Македонија да биде дел од Европската унија и НАТО и респектиран субјект на меѓународната сцена“.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners