ДС организираше трибина „Како до нови работни места?“

05.03.2013

ДС организираше трибина „Како до нови работни места?“

Демократскиот сојуз на 2 и 3 март, 2013 година, во Пробиштип, организирaше трибина на која заедно со домашни и странски експерти и со граѓаните креираа стратегија „Како до нови работни места“, ефтини кредити, стимулативни мерки, поддржување на претприемачкиот дух.

Во Република Македонија досега немало јасна стратегија за побрз економски развој и ниедна Влада не успеала да создаде трајни услови за нови работни места. Ова е време на финасиска и економска криза, но и предизвик за храбри идеи и решителни чекори, нагласи Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов во своето воведно излагање. Младите се почесто својата иднина сакаат да ја гледаат во рамките на други, економски стабилни држави и може да ни се случи да останеме без нашиот школуван кадар. Демократски сојуз, како автентична партија со свои ставови и идеи, секогаш блиску до граѓаните,  има за цел да понуди функционална програма која ќе наиде на одобрување кај младите и во континуитет ќе создаде услови за креирање на подобар живот на граѓаните, истакна претседателот Павле Трајанов.

На таа тема, преку Facebook дебата, беа вклучени 700-тини млади луѓе. Во Пробиштип, за време на викендов,Демократскиот сојуз ги промовираше инвентивните програми и идеи на 10-темина најуспешни учесници на апликацијата „Како до нови работни места“ кои под менторство на економски експерт д-р Снежана Костадиновска-Милошоска се промовираа себе си и своите идеи. Тие бараат да се следат достигнувањата во информатичките технологии со финасирање, информирање и едукација. Предлагаат подобрување на туристичката клима, сметаат дека урбанизацијата на локалната самоуправа ќе создаде амбиент за економски развој, предлагаат субвенции за лица со хендикеп, нудат и други интересни и остварливи предлози.

„Македонија мора тројно да го зголеми бројот на вработени во приватниот сектор затоа што од 400 000 вработени, 50% работат во јавниот сектор“-изјави проф.Снежана Костадиноска Милошеска. „Проблемот со невработеноста не е македонски, но поради долгата традиција кај нас поизразито се чувствува. Раст и развој не се постигнуваат без доверба и идеите мораме да ги споделуваме.“ Во своето излагање таа нагласи дека е потребно да му се даде шанса на приватниот сектор и дека само заедно, здружени, едни покрај други можеме да успееме. На трибината "Како до нови работни места", организирана од ДС во Пробиштип, проф. Снежана Костадиноска- Милошеска  ги коментираше и предлозите на младите и им даваше насоки за понатамошна нивна поддршка.

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов ја наметна и темата за  експертска дебата – со каков нов поредок ќе се соочи светската и европската економија во наредниот период.

partners partners partners partners partners partners