ДС ги повикува заинтересираните стручни кадри да аплицираат на владиниот оглас за раководни позиции

17.06.2014

ДС ги повикува заинтересираните стручни кадри да аплицираат на владиниот оглас за раководни позиции 

Владата на Република Македонија распиша Оглас за пријавување на интерес за ангажирање на лица на раководни позиции и Оглас за пријавување на интерес за ангажирање на лица за членови на управни и надзорни одбори во институциите кои се дел од државната управа.

Првата компонента на огласот, Огласот за пријавување на интерес за ангажирање на лица на раководни позиции содржи 159 раководни позиции на ниво на цела државна управа, меѓу кои и 5 амбасадорски места, 8 позиции воено аташе, над 20 директорски позиции во централни државни органи, агенции, управи, бироа, инспекторати, 12 позиции државен секретар, дваесетина директори во јавните здравствени установи, дваесетина директорски позиции во рамките на националните установи од областа на културата, раководни позиции во енергетските компании, во ЕЛЕМ, МЕПСО, во јавните претпријатија и повеќе други раководни позиции. Втората компонента на огласот, Оглас за пријавување на интерес за ангажирање на лица за членови на управни и надзорни одбори, содржи над 220 позиции на членови на управни и надзорни одбори во агенции, клиники, јавни претпријатија и друг вид институции од државната управа.

Владата на РМ ги повикa сите граѓани кои поседуваат знаење и вештини, кои веруваат во својот квалитет, способности и капацитети и поседуваат менаџерски способности и лидерски вештини, способност за тимска работа и се подготвени за темелна посветеност и силен ангажман во периодот на спроведување на значајни структурни реформи во земјата и остварување на политиките на Владата да аплицираат на огласот. Сите пријавени кандидати имаат еднакви шанси да бидат примени согласно нивните способности, образование, искуство и личен капацитет, без разлика на полова, верска, партиска и национална припадност, имотна состојба и други лични околности.

Заинтересираните кандидати потребно е да достават до архивата на Владата:

- пополнета апликација, која може да се најде на веб страната на Владата – www.vlada.mk/konkursi

- лична биографија (CV) не поголема од 5 страни

- мотивациско писмо од најмногу 500 зборови во кое задолжително ќе биде наведена позицијата/те за кои кандидатот аплицира

- уверенија за познавање на странски јазик (за позициите за кои е потребен сертификат за познавање на странски јазик, истиот може да се достави по конечниот избор на кандидатот)

Огласот трае до 30 јуни 2014 година. 

partners partners partners partners partners partners