Уште еден нов штаб на ДС, овој пат во Сопиште

17.02.2014

Уште еден нов штаб на ДС, овој пат во Сопиште

Вчера, 16.02.2014, пред околу 500 членови, симпатизери и граѓани на Сопиште, беше отворен штабот на Демократскиот сојуз. 

Пред присутните се обрати Павле Трајанов, претседател на ДС, кој нагласи дека сите советници на Сопиште, без разлика на политичката припадност треба да работат на развој на општината, посебно на економскиот развој. Во општина Сопиште, посебно за сите населени места(13), приоритет е реконструкција на патот и обезбедување вода од Патишка река. 

Трајанов нагласи дека претседателските избори ќе бидат тест за сите партии и очекува да се води рамноправна и позитивна изборна кампања.  За ДС е најважен профилот на кандидатот за претседател и ќе го поддржи оној кандидат којшто ќе работи на приоритетите на Република Македонија, а тоа се членство во НАТО и ЕУ. Без разлика на партиските групирања и договарања, граѓаните ќе одлучат кој е најдобриот кандидат и на кого ќе му ја дадат довербата. 

На отворањето на штабот присуствуваа и претставници од другите политички партии. 

partners partners partners partners partners partners