ДС: Оставете ја обвинителката да работи

26.01.2016

ДС: Оставете ја обвинителката да работи

Демократскиот сојуз денешната расправа во Советот на јавни обвинители, за работата на Специјалниот јавен обвинител, ја оценува како груб притисок и обид за блокада на работата на Специјалното јавно обвинителство.

Специјалниот јавен обвинител има мандат утврден со Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, и негово разрешување со измислени и фабрикувани наоди е невозможна работа.

Парламентот е гарант за независноста на Специјалниот јавен обвинител, и попусто се обидите на Советот за јавни обвинители да го дискредитира и да се наметне како институција која ќе диктира како треба и што треба да работи Специјалното јавно обвинителство.

ДС повикува на воздржаност од сите партии, а на обвинителот Катица Јанева и препорачува стручност, законитост и неселективност во постапувањето и работењето.

partners partners partners partners partners partners