ДС: Новинарите да подготват Закон за медиуми

03.12.2015

ДС: Новинарите да подготват Закон за медиуми

Демократскиот сојуз ги повикува новинарите и нивните асоцијации, да подготват Закон за медиуми и истиот да го достават до Парламентот.

Партиите не можат да бидат тие кои ќе дефинираат законски решенија за професионално и објективно новинарство, затоа предлагаме “подгответе законски проект“ по кој Парламентот ќе отвори транспарентна расправа и ќе го усвои.

Демократски сојуз е за „целосна слобода на говорот“ од што зависи демократизацијата на државата, јакнење на одговорноста и владеење на правото.

Павле Трајанов, пратеник, подготвен e да биде предлагач на Закон кој што ќе го подготват новинарите.

partners partners partners partners partners partners