ДС: ДИК штити партиски интереси

05.01.2016

ДС: ДИК штити партиски интереси

Демократскиот сојуз најостро реагира на ставот на Државната изборна комисија, дека за Правилникот за прочистување на избирачкиот список, ќе ги консултира четирите партии (ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА). Овој став покажа дека ДИК работи под диктат на четирите партии генератори на политичката криза, наместо да обезбеди услови за спроведување на фер и демократски избори, што е определба на сите граѓани.

Очекуваме вакви лупинзи да не се случуваат на ДИК, поготово што во нејзиниот состав има експерти со висок професионален кредибилитет, кои треба да бидат брана од партиските влијанија.

Консултации се можни за некои отворени прашања, но само доколку тие се поставени на принципиелни основи со можност секоја партија, невладина организација или експерти да дадат свои коментари, сугестии и предлози.

partners partners partners partners partners partners