V-ти конгрес на ДС

20.03.2016

V-ти конгрес на Демократски сојуз

Лидерот на Демократкиот сојуз Павле Трајанов во почетокот на своето обраќање пред делегатите на Петтиот Конгрес на Демократскиот сојуз ги најави ПРОМЕНИТЕ кои ќе се случат на претстојните предвремените парламентарни избори, на кои порача дека Демократсиот сојуз е подготвен за самостоен настап на изборите и отворен за соработка и повикува на обединување и формирање на нова политичка сила, како одговор на граѓанската определба за промени.

„Демократскиот сојуз, заедно со други политички партии и граѓански асоцијации, но и поединци со висок професионален и човечки кредибилитет, на претстојните избори очекува голема поддршка, и голема победа на демократијата” нагласи ТрајановЛидерот на Демократскиот сојуз истакна дека е за: за раскрстување и демонтажа на еднопартизмот и олигархиската елита во Македонија:  „Обидите на некои да не скршат, да не замолчат, да не маргинализираат, пропаднаа.  Колку повеќе нè притискаат, толку сме поединствени и цврсто определени да предлагаме решенија и да ги движиме и менуваме работите”.

Трајанов побара одговорност за сите сторители на тешки кривични дела, “ослободување” на медиумите,  одвојување на партиите на власта од државата и поддршка за СЈО, како и прочистување на избирачкиот список. „Toa се битни предуслови за учество на изборите. Ние сме подготвени за избори, но не сме луди да учествуваме во „наместен натпревар“, каде што волјата на граѓаните, не може да се канализира во пратенички мандати“.

Пред конгресните делегати и гости Трајанов јавно запраша:  Како е можно криминалот да биде само кај нас вредносна категорија и криминалците да ги штити власта, обвинителството, судот...? Како е можно  Уставниот суд да создава законски предуслови да бидат помилувани криминалци кои ги кршеле изборните правила, вршат тероризам, или биле вклучени во наркобизнис? Зарем треба да бидат помилувани педофилите?Од конгресната говорница, Трајанов побара одговорност од сите и  посочи дека судскиот систем е без кредибилитет  и затоа предлага  реизбор на сите судии и обвинители. Сите тие кои ја злоупотребиле власта, богатството стекнато на криминален начин мора да го вратат на граѓаните (конфискација) и да им се забрани политичко дејствување од најмалку 10 години. Има судени за идеите на ВМРО, тоа се херои,потсети Трајанов, но во последните 10 години има многумина судени, само поради тоа што биле политички противници. Тоа мора да се исправи, треба ревизија на сите овие случаи.

„За  странските инвестиции, битно е да нагласиме дека овде монопол има Владата. Без амин на Владата никој не може да донесе странска инвестиција. Во Македонија можеш да бидеш добар бизнисмен само ако си близок со власта. 

Сите тие работи сакаме да ги промениме, сакаме најспособните да имаат шанса, а не партиските војници, кои разулавени газат сè пред себе.

Од Програмските определби на Демократскиот сојуз на конгресот беа истакнати: 

- Најниска плата од 300 евра, најниска пензија од 200 евра и социјална помош од 100 евра. 

- ДС предлага Парламент од 90 пратеници, двојно намалување на бројот на министри и намалување на бројните агенции, регулаторни тела, како и целосно укинување на репрезентацијата на функционерите.

- За партизираната администрација  која е  гломазна, неефикасна и осакатена ДС  предвидува  вработување,ама со јасни критериуми: време на чекање за работа, постигнат успех при школувањето и универзитетот на кој дипломирале.  -За студентите кои ќе дипломираат се  предвидува  една година практична работа  во компании и администрација, со надоместок од 10.000 денари и платено здравствено осигурување.„Oд оваа говорница, на 5-от Конгрес на Демократскиот сојуз, порачувам „НЕ СМЕ СИТЕ ИСТИ“. Ние немаме друга држава! Овде сакаме да работиме и создаваме, и промените ќе се случат”, порача Трајанов.

Пресек на работата и излагањата на 5 ти Конгрес на Демократски сојуз


Лидерот на Демократкиот сојуз Павле Трајанов во почетокот на своето обраќање до делегатите на петтиот конгрес на Демократскиот сојуз ги најави ПРОМЕНИТЕ кои ќе се случат на претстојните предвремените парламентарни избори, на кои  порача дека очекува голема поддршка од граѓаните.

„Демократскиот сојуз, заедно со други политички партии и граѓански асоцијации, но и поединци со висок професионален и човечки кредибилитет, на претстојните избори очекува голема поддршка, и голема победа на демократијата. Определбата на граѓаните за нова политичка сила ја прифаќаме и поддржуваме, затоа ДС ќе биде дел од таа сила, која има и човечки потенцијал и програмски определби за промени, за раскрстување и демонтажа на еднопартизмот и олигархиската елита во Македонија,  потенцираше Трајанов.На  петтиот Конгрес на Демократскиот сојуз, беше усвоена изборната програма под наслов „ПРОМЕНИ, ПРАВДА, ПРОГРЕС“.

Лидерот на партијата Павле Трајанов, во својот инспиративен говор посочи:

„Демократскиот сојуз, е силен, цврст и препознатлив политички субјект. Обидите на некои да не скршат, да не замолчат, да не маргинализираат, пропаднаа. Колку повеќе нè притискаат, толку сме поединствени и цврсто определени да предлагаме решенија и да ги движиме и менуваме работите порача Трајанов.Нашиот став е јасен и чист како солза: „Креаторите на кризата, мораат и ќе платат висока цена“, сите тие мораат да ја напуштат политичката сцена.  

Нема да учествуваме на наместени избори

Демократскиот сојуз  недвосмислено е за тоа избирачкиот список  да се растовари од фантомските гласачи, а медиумите да се ослободат од стегите на Владата  и секако  партиите на власт да се одвојат од државата. Тоа е црвената линија, тоа е мажино-линијата, од која не отстапуваме, потенцира Трајанов.„Тоа се битни предуслови за учество на изборите. Ние сме подготвени за избори, но не сме луди да учествуваме во „наместен натпревар“, каде што волјата на граѓаните, не може да се канализира во пратенички мандати“.Набројувајќи ги проблемите на општеството и решенијата за излез од кризата лидерот на ДС истакна: Без почитување на правото, без создавање на еднакви можности и шанси за сите, без политички амбиент и правна сигурност, без економски  развој,  и понатаму младите ќе заминуваат во странство и ќе нема напредок.

Пораката дека тие пред нас само краделе, а дека сегашните крадат и градат е само парадигма во каков амбис сме сите пропаднати  затоа ДС го бара неопходното демократско и државничко однесување и чувство за одговорност.

За криминалот, судството и Уставните судии

Трајанов пред конгресните делегати и гости јавно запраша: Како е можно криминалот да биде само кај нас вредносна категорија и криминалците да ги штити власта, обвинителството, судот...? Како е можно  Уставниот суд да создава законски предуслови да бидат помилувани криминалци кои ги кршеле изборните правила, вршат тероризам, или биле вклучени во наркобизнис? Зарем треба да бидат помилувани педофилите?Од конгресната говорница Трајанов побара одговорност од сите и посочи дека судскиот систем е без кредибилитет и затоа предлага реизбор на сите судии и обвинители. 

За СЈО и злоупотребите - конфискација!

До консолидација на судскиот систем, даваме целосна поддршка на Специјалното јавно обвинителство, во расчистувањето на сомнежите за тешките облици на криминал и злоупотреба на системите за прислушкување, како и кршењето на основните човекови права и слободи.

Сите тие кои ја злоупотребиле власта, богатството стекнато на криминален начин мора да го вратат на граѓаните (конфискација) и да им се забрани политичко дејствување од најмалку 10 години. Забраната за политичко дејствување ќе важи откако претходно ќе отслужат во „бизнис - центарот“ во Идризово.

Економија

Приоритет треба да имаат домашните компании пред странските, нагласи Трајанов во врска со програмските опеделби за економијата. „За  странските инвестиции, битно е да нагласиме дека овде монопол има Владата. Без амин на Владата никој не може да донесе странска инвестиција. Во Македонија можеш да бидеш добар бизнисмен само ако си близок со власта. Исто така, успешен адвокат, добро платен уметник, архитект и вајар, можеш да бидеш само ако работиш за власта.Сите тие работи сакаме да ги промениме, сакаме најспособните да имаат шанса, а не партиските војници, кои разулавени газат сè пред себе. Нема развој ако не се води сметка за стандардот на граѓаните. Ќе создадеме услови за да се обезбеди најниска плата од 300 евра, најниска пензија од 200 евра и социјална помош од 100 евра.ДС предлага Парламент од 90 пратеници, двојно намалување на бројот на министри и намалување на бројните агенции, регулаторни тела, како и целосно укинување на репрезентацијата на функционерите.За партизираната администрација која е гломазна, неефикасна и осакатена ДС  предвидува вработување, ама со јасни критериуми: време на чекање за работа, постигнат успех при школувањето и универзитетот на кој дипломирале (согласно со Шангајската листа). За студентите кои ќе дипломираат се  предвидува  една година практична работа  во компании и администрација, со надоместок од 10.000 денари и платено здравствено осигурување 

Надворешна политика

Мораме да градиме добри односи со соседите порача Трајанов. „Мигрантската криза покажа колку е важно да имаме соработка и со ЕУ и со САД, но пред сè со соседите. Оваа криза може да предизвика хуманитарни и безбедносни проблеми. Затоа, мораме да бидеме претпазливи и единствени“.

Екологија

 Преку гасификација и изградба на топлификациски системи, ќе го сочуваме шумскиот фонд и ќе обезбедиме Македонија да биде почиста.

За ВМРО

Има судени за идеите на ВМРО, тоа се херои, потсети Трајанов, но во последните 10 години има многумина судени во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, само поради тоа што биле политички противници. Тоа мора да се исправи, треба ревизија на сите овие случаи.

СДСМ-ВМРО ДПМНЕ

Трајанов отворено му се спротистави  на двопартизмот: Над 50% од граѓаните се за промени но двете најголеми партии промовираат тези дека сите сме исти, дека сè ќе биде како и досега и дека ништо нема да се промени. Но, ако не се случат промени, грабежот ќе продолжи и сиромаштијата ќе биде сè поприсутна. Јас, од оваа говорница, на 5-от Конгрес на Демократскиот сојуз, порачувам „НЕ СМЕ СИТЕ ИСТИ“. Ние немаме друга држава! Овде сакаме да работиме и создаваме, и промените ќе се случат!

На крајот на своето  обраќање лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов порача:

Ќе има промени! Ќе ги споиме искуството и младоста и Македонија ќе биде пристојно и посакувано место за живеење. Во Македонија ќе владее правото и законите ќе важат подеднакво за сите.Не е сè изгубено! Ве повикувам да се здружиме! Да се обединиме! Да направиме Коалиција со граѓаните! Да направиме пресврт! Да ги победиме тие кои однапред се прогласуваат за победници! Само со нова политичка сила, ќе се отворат перспективи за подобар и помирен живот. Македонија ќе биде стабилна и модерна Европска држава.

Останати говорници:

Со 45 општински организации, со над 30 илјади членови и со рејтинг од над пет проценти, Демократскиот сојуз го зазема своето место како значаен субјект на политичката сцена во Република Македонија истакна генарлниот секретар на партијата Верица Филиповска.


Претседателот на Младите на ДС Миодраг Димов пред делгатите истакна:За младите на ДС на прво место се силата нa младите, респект за знаењето на возрасните, мудроста на постарите, така ние ја гледаме иднина! Сите заедно за Македонија. Младите ќе останат во Македонија и ќе се изборат за заслуженото место во општеството и политиката. Ние ќе докажеме дека имаме глас и ќе успееме во напорите да ја градиме и подобриме Република Македонија!

Доаѓа ВРЕМЕ, кога треба да се заземат ставови и донесат одлуки кои ги надминуваат партиските интереси, ДОАЃА ВРЕМЕ НА ПРОМЕНИ, кои ќе донесат  подобар живот и напредок за секој граѓанин, најави Весна Стоименовска од Претседателството на ДС. Ние сме за укинување на екстерното тестирање, а за администрацијата имаме решение -  во Кривичниот законик ќе се предвиди казна од најмалку една година затвор за секој што партиската или друга позиција во власта ќе ја злоупотреби за кршење на критериумите за вработување, нагласи Стоименовска.

За здравството се потребни вистински реформи порача д-р Соња Кузмановска.

За поефикасен здравствен систем потребна е вистинска децентрализација на терциерното здравство. Во моментов, регионалните клинички центри се опремени со софистицирана опрема, со која нема кој да ракува. Демократскиот сојуз ќе се залага за континуирано и планско обезбедување на дефицитарен специјалистички кадар и негово задржување во јавното здравство, како еден од основните приоритети за негово заздравување, како и поевтинување на услугите за граѓаните.

Борче Јакимовски посочи дека  еден од главните приоритети на Демократскиот сојуз е зголемување на бројот на мали и средни претпријатија, привлекување на странски инвестиции, но и поттикнување на домашните инвестиции, пред се’ преку изедначување на условите за инвестирање на странските и домашните компании во слободните економски зони.

На Конгресот беше избран Централен совет од 80 члена.

За претседател со нов мандат едногласно е избран досегашниот лидер Павле Трајанов.

На Конгресот присуствуваа над 1000 делегати, гости, претставници на политичките партии, меѓу кои и од СДСМ, ПДП, ЛДП, ДОМ, НСДП, СПМ, ЛП, Алијанса за позитивна Македонија, БЕСА, ВМРО НП, ФРОДЕМ, ДЕМОС и др.

Тука погледнете го целиот говор на претседателот на ДС, Павле Трајанов

partners partners partners partners partners partners