Нов штаб на Демократскиот сојуз и во Куманово

10.03.2014

Нов штаб на Демократскиот сојуз и во Куманово

Утре, на 11.03.2014 година во 18,00 часот, претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов ќе ja посети Општинска организација на ДС во Куманово при што ќе ги поздрави новото и старото членство и ќе го озваничи отворањето на новиот штаб  на ДС во Куманово. По тој повод претседателот Трајанов за медиумите ќе даде изјава.   

Во пресрет на претстојните избори, Демократскиот сојуз продолжува со мобилизација и организација на своето членство, со афирмација на својот концепт на партија со демократска платформа за општествени и економски промени и со промоција на политичката визија за партија со отворени врати за сите што сакаат политичко ангажирање.

Новиот штаб на Демократски сојуз во Куманово се наоѓа на ул. Народна Револуција бр.90, веднаш под Соколански парк.

partners partners partners partners partners partners