Над 1000 членови на ДС на Кавадарци од утре во нов штаб

17.03.2014

Над 1000 членови на ДС на Кавадарци од утре во нов штаб

Утре, на 18.03.2014 година во 19,00 часот, претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов ќе ја посети Општинска организација на ДС во Кавадарци при што ќе ги поздрави новото и старото членство и ќе го озваничи отворањето на новиот штаб на ДС во Кавадарци. По тој повод претседателот Трајанов за медиумите ќе даде изјава.  

Во пресрет на претстојните избори, Демократскиот сојуз продолжува со мобилизација и организација на своето членство, со афирмација на својот концепт на партија со демократска платформа за општествени и економски промени и со промоција на политичката визија за партија со отворени врати за сите што сакаат политичко ангажирање.

Новиот штаб на Демократски сојуз се наоѓа на самиот Градски плоштад во Кавадарци.

partners partners partners partners partners partners