ДС отвора канцеларија во Кисела вода

20.02.2013

ДС отвора канцеларија во Кисела вода

Утре, 21.02.2013 (четврток), во 19,00 часот, Демократскиот  Сојуз  отвора нова општинска канцеларија во Кисела Вода. 

Целта на ОО на Демократскиот сојуз за Кисела Вода е ова собиралиште да прерасне во место за комуникација со граѓаните на оваа општина, како со општинското раководство, така и со претседателот Павле Трајанов. По тој повод, на официјалното отворање,  претседателот Трајанов ќе им се обрати на присутните членови и на граѓаните.

Демократскиот сојуз очекува дека Кисела Вода ќе стане една од најкултивираните урбани средини во Македонија, со развиена економска зона, високи стандарди во заштитата на човековата средина и подобрен квалитет на животот.

Лидерот на партијата, Павле Трајанов ги обврза партиските членови и кандидатите за советници на локалните избори да го регистрираат секое барање на жителите во своите општини како приоритет. ОО на ДС за Кисела Вода, веќе функционира во нов состав, со сè поинтензивни контакти со граѓаните и за таа цел,  општинската канцеларија на Демократскиот сојуз во Кисела Вода, ќе биде отворена секој ден. 

Канцеларијата се наоѓа во Трговскиот центар на улица Ѓорѓи Димитров, во непосредна близина на средното економско училиште „Васил Антевски Дрен“.

partners partners partners partners partners partners