Демократскиот сојуз започна постапка за предлагање на кандидати за пратеници

06.03.2014

Демократскиот сојуз започна постапка за предлагање на кандидати за пратеници

Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 27 април 2014 година,  поради што Демократскиот Сојуз ги активираше сите потенцијали  на партијата, посебно раководствата и членовите на ДС.

Согласно статутот на Демократскиот сојуз, отпочна постапка за евидентирање и предлагање на можни кандидати за пратеници.

Кандидатите за пратеници треба да се почитувани во средината каде што живеат и работат, да се стручни во одредени области, да имаат способност за комуникација и да можат јавно да ги застапуваат интересите на граѓаните. 

Општинските организации на ДС треба да одржат состаноци на кои ќе се анализира досегашната активност на партијата, соработката со коалиционите партнери, ќе се предлагаат идеи кои ќе се користат за подготовка на ИЗБОРНА ПРОГРАМА на ДС и ќе се евидентираат и предложат можни кандидати за пратеници.      

Евидентирањето и предлагањето на кандидати за пратеници ќе трае до 12 март 2014 година. 

partners partners partners partners partners partners