Реформи ДА, промена на името НЕ

12.12.12

ДС: Реформи ДА, промена на името НЕ

По расправата во Советот на министри на Европската Унија за напредокот на Македонија за полноправно членство во ЕУ, Демократскиот сојуз ги изгради следните ставови:

1. Демократскиот сојуз смета дека и натаму наш врвен државен, национален, стратешки и долгорочен интерес е влез во Европската унија и полноправно членство во НАТО. Во оваа насока сметаме дека реформите треба да продолжат со несмален интензитет, бидејќи тоа е во интерес на развојот на Република Македонија и подобар живот за граѓаните;

2. За Демократскиот сојуз крајно непринципиелни и неприфатливи се определбите на Советот на министри на ЕУ, да ја условуваат нашата држава за почетокот на преговорите со промена на името, Уставот, јазикот, пасошите и сл.Јавно соопштуваме дека сме за компромис, но не прифаќаме обезличување на нашиот национален идентитет;

3. Демократскиот сојуз, смета дека Република Бугарија со противењето за започнување на преговорите помеѓу ЕУ и Република Македонија, им нанесува огромна штета  на односите помеѓу двете држави и негативно ќе влијае на стабилноста на Балканот;

4. Демократскиот сојуз бара да се направи анализа на досегашната надворешна политика, истата да се редефинира и да биде резултат на внатрешен политички консензус околу стратешките интереси на Република Македонија.ДС бара да се разгледаат и евентуалните пропусти и слабости на надворешната политика во последните 20 години; и

5. Демократскиот сојуз смета дека треба да се одржи меѓупартиска средба на која ќе се утврди Стратегија за натамошното дејствување околу добрососедските односи, вклучително и оперативен план за евроинтеграциските активности на Република Македонија.

partners partners partners partners partners partners