Павле Трајанов за Локално.мк: Потребен е ЕУ посредник за спорот со името!

15.09.2013

Павле Трајанов за Локално.мк: Потребен е ЕУ посредник за спорот со името!

 

Локално.мк: Ве информираше ли Нимиц за разговорите бидејќи пред неговот доаќање јавно побаравте да не бифде информиран само државниот врв туку и поширок круг на политички партии?

Идејата беше Нимиц да ги информира сите политички партиии за досегашниот тек на разговорите, за неговите предлози и идеи, како и проблемите и отпорите со кои се соочува. Тој, тоа сепак го направи преку прес конференција на која за прв пат отворено зборуваше за априлскиот предлог (Горна Република Македонија) за позициите на грчката и македонската влада.

Локално.мк: И сега гледате ли на повидок решение?

Имајки ги предвид позициите на двете страни, според нас, се наметнува потребата ЕУ да назначи посредник,кој самостојно но и во соработка со Нимиц, ОН, САД и НАТО ќе работи на целосно осознавање на наметнатиот спор од Грција и ке предлага идеи и решенија како основа за започнување на пристапните преговори со ЕУ и полноправно ченство во НАТО. Ние сме свесни дека во овој момент не е можно целосоно и крајно решение, затоа ДС предлага тоа да се решава во три фази, како дел од еден подолгорочен процес: Прво замена на рефенцата БЈРМ, опсегот на меѓународна употреба и резолуција од Советот за Безбедност во која ке бидат инкорпорирани договорите за неменливост на границите, демонополизација на поимот Македонија и гаранција за македонскиот национален идентитет.

Локално.мк: Бараете посредник од ЕУ а таа веќе воведува или најавува механизам за визи за Македонија?

Механизамот за сусепнзија на безвизниот режим е насочен спрема граѓаните на балканските држави, но најверојатно први ќе се соочат граѓаните на Макдонија. ЕУ наместо да го потикнува демократскот и економскиот развој на балканските држави тие не вражаат чекор назад. Со стегање на обрачот околу нас, не сум сигурен дека ќе издржиме и дека набргу нема да ни се случуваат нови потреси. Треба сите граѓани ,невладини организации и медиумите, но пред се владите на балканските држави на многу јасен и транспарентен начин да го искажат свотео несогласување и револт од овој потег на ЕУ.

Локално.мк: -Чија би била тогаш одговорноста? Потресите се однесуваат претпоставувам на внатрешно политички план?

По многу стратешки прашања во Македонија нема разбирање нема единство или консензус. Згора на се навлегуваме во еден предизборен период, каде што разликите ке бидат се појасни погласни а политичите судири поостри. Амбиентот станува високотензичен по што вкупните политички состојби, вклучително и меѓуетничките, ќе имаат одраз и на демократскиот развој на економијата но и стабилноста на државата. Оценувам дека состојбите и внатре во колаицијата се исклучително сложени и сензитивни, при што многу одлуки и закони се носат со условувања на некој од коалиционите партнери.

Локално.мк: Ако е така , тогаш можни ли се коалициски прегрупирања?

Овие сосотојби ке бидат појасни до колку се оддржат предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Но, многу појасни и конкретни ќе бидат работите по изборите, посебно позиционирањето на партиите од албанскиот политички блок.

Локално.мк: Зборувате за потреси за стабилноста, а колку сме безбедни?

Не можам да дадам некоја издржана и аргументирана процена, но сметам дека можеме да веруваме на официјалните изјави и оценки дека Макдонија е безбедна.Но, во оваа насока сакам да укажам дека идеите за редефинирање на концептот за функционирање на безбедносниот систем за мене се апсолутно неприфатливи. На пример, спојувањето на разузунувањето и контраразузунувањето под капата на еден човек било премногу и преголема моќ за тој што ќе ги раководи овие служби и на штета на самото разузнување и контраразузунување. А на полициски план не сакам да зборувам повеќе околу укинувањето на позорнота служба, односно да немате практично полицаец на терен кој секојдневно ке биде со граѓаните,или пак какво е работното време на полициските станици.

Извор: локално.мк

partners partners partners partners partners partners