Нов штаб за над 1000 членови на ДС на Кавадарци

18.03.2014

Нов штаб за над 1000 членови на ДС на Кавадарци

Денес, 18.03.2014 година, Демократскиот сојуз отвори изборен штаб во Кавадарци.На отворањето присуствуваше претседателот на ДС, Павле Трајанов, кој обраќајќи се пред присутните членови и симпатизери посочи: 

„Демократскиот сојуз смета дека од исклучителна важност е развој на економијата, пред сè преку отворање на производствени капацитети кои создаваат нова вредност. Новата фабрика на „Дрексел Мајер“ каде досега се вработија над 1500 луѓе, ја потврдува нашата определба и посветеност за развојот на Република Македонија.

Демократскиот сојуз очекува политиката на посветеност, чесност, резултати и отчет за сработеното, да бидат главни критериуми при определбата на граѓаните на кого ќе му ја дадат довербата. 

Демократскиот сојуз, ќе работи на создавање на поволни услови за бизнис, преку јакнење на стабилноста и правната сигурност во државата, како битен предуслов за инвестирање и отворање на НОВИ РАБОТНИ МЕСТА. “

На отворањето на штабот на ДС присуствуваа над 200 граѓани од Кавадарци. 

partners partners partners partners partners partners