Демократскиот сојуз ја усвои Изборната програма

15.03.2014

Демократскиот сојуз ја усвои Изборната програма

Централниот совет на Демократскиот Сојуз денеска ги утврди новите програмски приоритети со кои во изборната кампања ќе настапи пред граѓаните. Со нив ќе се обиде да ја добие нивната доверба, да ги изрази нивните интереси и да придонесе за иден  економски, општествен и демократски развој. 

Демократскиот сојуз, како партија која веќе 14 години гради свој препознатлив и самостоен политички интегритет, на денешната седница на Централниот совет ја усвои Изборната програма со која ќе настапи на претстојните предвремени парламентарни избори. Демократски сојуз низ програмата ќе ги валоризира своите автентични  идеи за европско и евроатланско интегрирање, за запирање на процесите на имигрирање на младите луѓе, за остварување на нови работни места за млади и стручни кадри, за повисоко вреднување на домашната работна сила, враќање на средната класа, како и зголемување на наталитетот преку развој и модернизација на руралните населби. Демократскиот сојуз ќе се залага Македонија да стане информатичка сила.  

Демократскиот сојуз е бескомпромисно определен за борба против организираниот криминал и корупција, за јакнење на демократијата и владеење на правото за реформите во судството, администрацијата, образованието и за забрзан влез на Македонија во ЕУ и НАТО. 

Демократскиот сојуз со својата програма и со отвореност за кадровскиот потенцијал, пред се за млади и квалификувани кадри, ѐ подготвен да ја преземе одговорноста за иднината на државата.

Во програмата Демократскиот сојуз предлага:

Стратегија за економски развој

Безбедна, ефективна и еколошки развиена инфраструктура;

• Развој на мали и средни претпријатија;

• Поддршка за „Start- up“ компании;

• Вработување во местото на живеење;  

• Урбанизација и развој на селата согласно искуствата на Словенија и политиките на ЕУ (селски туризам, бенефицирано производство , ефикасна механизација, поволни кредити за изградба на куќи и сл.);

• Расчистување со неправедната и криминална приватизација;

• Промени во образованието;

• Реформа на казнената политика и законодавство. Изборот на судии да се врши исклучиво врз основа на стручност и компетентност;

• Во областа на здравството  формирање и развој на модерни регионални клинички центри;

• Во поглед на решавање на разликите околу името со нашиот јужен сосед, предлагаме да се одржи Консултативен референдум и др.

Демократскиот сојуз формира Централен изборен штаб, шест регионални и 52 општински изборни штабови. Со ЦИШ ќе раководи актерот Благоја Чоревски, а Зоран Петров ќе биде одговорен за претседателските избори, додека Русе Соколов за парламентарните избори. 

На седницата присуствуваа над 130 членови на Централниот совет, претседатели на општински организации и членови на Претседателството на Демократскиот сојуз.

Тука можете да ја погледнете целосната Изборна програма на Демократскиот сојуз за 2014-2018 година.

partners partners partners partners partners partners