Демократски Сојуз: Оставка од Иванов

02.02.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ОСТАВКА ОД ИВАНОВ


По аболицијата на 56 носители на високи политички и државни функции, како и на нивните соработници, заштитата на партиските интереси на  ВМРО- ДПМНЕ, давањето на мандатот на партијата која нема мнозинство во Парламентот, а по неуспешниот обид да формира Влада, да го условува СДСМ да докажува дека има мнозинство од 61 пратеник, се доволни причини, Георге Иванов да се повлече од функцијата.

Тој е зрел за импичмент, но таквата иницијатива ќе пропадне поради неможноста во Парламентот и Уставниот суд да се обезбеди дво-третинско мнозинство.

Можеби е подобро со локалните избори да се гласа и на референдум за смена на Георге Иванов.

Во меѓувреме во текот на денешниот ден или утре, да се избере претседател на Собранието и веднаш по тоа и Влада. Само на тој начин ќе се стави крај на игрите на раководството на ВМРО ДПМНЕ и Георге Иванов.

partners partners partners partners partners partners