ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: НАЈВОЗРАСНИОТ ПРАТЕНИК ДА ЈА ВОДИ СЕДНИЦАТА

30.12.2016

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: НАЈВОЗРАСНИОТ ПРАТЕНИК ДА ЈА ВОДИ СЕДНИЦАТА


Согласно Уставот на Република Македонија, Законот за Собранието и Деловникот за работа на Собранието, со денешната конститутивна седница на Собранието на Република Македонија треба да претседава највозрасниот пратеник.

Тоа е и Уставна и Деловничка одредница, нa досегашната пракса.

Седницата е закажана од претседателот на парламентот од претходниот состав и тој нема никакви други надлежности и овластувања, сосема логично е дека со истата треба да претседава највозрасниот пратеник од новиот состав, доколку се откаже, тогаш со седницата раководи следниот по возраст пратеник.

Погрешна е логиката ако на 21 ден ја свика конститутивната седница највозрасниот пратеник и тој претседава да се применува и за поранешниот претседател на Собранието.

Поради сето ова нема потреба од надмудрување и глумење патриотизам, туку поранешниот претседател да си седне каде што седат сите пратеници, а со седницата да претседава тој кој што е највозрасен или следниот по него.

Доколку и натаму има кршенје на Уставот, тогаш по верификација на мандатот на пратениците, мнозинството пратеници да изберат или претседавач или претседател на Собранието, но тоа треба да се случи на истата седница во текот на денешниот ден, за да се осуетат било какви сценарија за блокада на Парламентот.

partners partners partners partners partners partners