Демократски сојуз: Чиста победа на Стево Пендаровски

06.05.2019

Демократски сојуз: Чиста победа на Стево Пендаровски

Вчерашните избори за претседател на РСМ поминаа во мирна и демократска атмосфера, без нарушувања на изборниот процес и без било какви кршења на изборните правила и стандарди.

Победата на Стево Пендаровски е кристално чиста и израз на цврстата решеност и определба на мнозинството граѓани кои гласаа за продолжување на евроатланските процеси, внатрешна кохезија и стабилност на државата.

ДИК и другите државни институции дејствуваа согласно нивните надлежности и обезбедија услови за слободно изјаснување на граѓаните.

Овие избори се со исклучително важна историска димензија, затоа што се работи за  огромна демократска победа на граѓаните, но и на сите партии кои учествуваа во изборниот процес.

Демократскиот сојуз очекува да се забрзаат реформите во државата и за важните стратешки прашања да се гради единство помеѓу партиите од власта и опозицијата.

Советот на Европската Унија во Јуни, треба да ги отвори вратите за влез на Република Северна Македонија во ЕУ, без било какви калкулации, оправдувања и условувања.

partners partners partners partners partners partners