Павле Трајанов: Процесот на дуизација, криминализација и дезинтеграција ги разнишаа темелите на Македонија

9.4.2023

Павле Трајанов: Процесот на дуизација, криминализација и дезинтеграција ги разнишаа темелите на Македонија

Во гостувањето на ТВ СИТЕЛ, Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, меѓу другото нагласи:

„Процесот на дуизација, криминализација и дезинтеграција, ги разнишаа темелите на Македонија, СДСМ и ДУИ ја вовлекоа  Македонија во криза”.

Од 15 јули 2022 година топ тема се Уставните промени, а досега не видовме ниту амандмани, ниту анализа што би значеле истите, нагласувајки дека СДСМ го влече овој процес за да остане подолго на власт, знаејќи дека нема поддршка од граѓаните, но и од партиите.

Трајанов сугерираше да се инсистира на реципроцитет, Бугарија да направи мал чекор, со признавање на правата на Македонците во Бугарија, со што ќе се отворат можности за вградување на Бугарите во Уставот.

Трајанов предложи за уставните промени да се оди на референдум, но подобро е да се оди наесен на парламентарни избори.

Околу предложените измени во девет закони за „БЕХТЕЛ И ЕНКА", предложи истите да не се носат во скратена постапка и без поширока експертска расправа не е подговен истите да ги поддржи, особено што за целиот процес има сериозни индикации за корупција.

Трајанов посочи дека со имплементацијата на проектот „ДЕКРИ" ќе започне искоренување на тешките облици на организиран криминал и висока корупција.

Законот за формирање на независна Агенција за борба против криминалот од функционери е доставен до Парламентот и очекува сериозна расправа и негово прифаќање.

partners partners partners partners partners partners