Ќе се менува Законот за заштита на сведоци


08.11.2013

Ќе се менува Законот за заштита на сведоци


Денес (08.11.2013 година), пратеникот Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, до Собранието на Република Македонија, достави Предлог на закон за изменување на Законот за заштита на сведоци.

Од денес започнува парламентарната постапка за разгледување и усвојување на законот, кој треба да се разгледува во скратена постапка.

Трајанов предлага, степенување на одговорноста на сите оние што ќе го откријат вистинскиот идентитет на заштитениот сведок.

Казните за службените лица, пред се за судија, јавен обвинител, припадник на полицијата и други лица кои по службена должност доаѓаат до информации за заштитениот сведок, како и оние кои се задолжени да го чуваат идентитетот и заштитуваат загрозениот сведок, остануваат исти и тие се движат од најмалку четири години до 15 години и доживотен затвор.

За други лица ( се однесува за сите граѓани без разлика на нивната професија), се предлага намалување на казните, при што најниската казна се движи од три месеци до три години, додека во случај на тешки последици по сведокот тие се зголемуваат и се движат од четири, осум и над осум години затвор.

Со измените и натаму се обезбедува заштита на сведоците кои доставуваат податоци и информации битни за водење на кривична постапка за тешки кривични дела.

partners partners partners partners partners partners