ДС: Можен е лош развој на мигрантската криза

05.02.2016

ДС: Можен е лош развој на мигрантската криза

Демократскиот сојуз предупредува на можен лош развој на мигрантската криза доколку наместо државните, бидат на преден план партиските и личните интереси.

ДС уште на почетокот на кризата укажа на хуманитарните и безбедносните предизвици со отворањето на БАЛКАНСКИОТ КОРИДОР, а сега се чувствуваат заканите од отсуството на државна стратегија.

Постои опасност сите да ја платиме цената доколку не се дејствува во согласност со политиките на Европската унија, но пред се треба да се води сметка за нашите национални и државни интереси.

ДС смета дека Република Македонија треба да инсистира на три клучни работи:

1. Да бидеме будни и да се следи процесот на изнаоѓање на решение за кризата во Сирија и поширокиот регион, што е суштина за запирање на бегалските бранови.

2. Бегалците да бидат прифатени од сите, како од европските така и од соседните држави, што ќе значи мобилизација на сите во решавањето на кризата и овозможување услови за побрзо враќање на мигрантите во матичните држави.

3. Државите кои имаат можности и сакаат да згрижат бегалци, да организираат нивен прифат и транспорт уште од Турција. На овој начин ќе се избегне голготата на патување преку море и по Балканската рута, каде голем број од нив страдаат и плаќаат со нивните животи.

ДС смета дека Република Македонија не треба да гради кампови поради тоа што мигрантите не сакат да останат овде, а нивното присилно задржување ќе создаде други безбедносни проблеми и усложнување на состојбите кои ќе бидат на штета на Македонија.

ДС оценува дека по почетните „детски болести“, сега системот на прифат и транспорт добро функционира и обезбедува хуман и безбеден транзит на мигрантите преку Македонија. 

partners partners partners partners partners partners